Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Почина шпионката за која Хитлер нудел милиони

Во неделата, 7 јули, 23 дена пред својот 99. роденден, во Лондон почина Ненси Вејк, агентка од Втората светска војна, позната под кодираното име Бело Глувче, токму поради способноста да ги избегне нацистичките заседи. Ненси Вејк била позната како најотмената агентка што ја познавал светот, а некој колега ја опишал како „најженствената жена до моментот кога ќе почне тепачка, тогаш се претвора во пет мажи“. За агентката Бело Глувче останало забележано дека со голи раце убила еден СС-овец за да го спречи да вклучи аларм и да повика помош. Тоа била жена која во бегство од нацистите минала 800 километри на велосипед, минувајќи низ окупирани подрачја...

Родена на Нов Зеланд, како најмлада од шест деца, и порасната во Сиднеј, Ненси како 16-годишничка ја напуштила јужната полутопка и таклала низ Њујорк, Лондон и Париз, каде што работела како дописничка од Европа за весниците на американската медиумска компанија „Херст“. Во Франција станала сопруга на богатиот индустријалев Хенри Едмунд Фиоче. Како новинарка, Вејк го интервјуирала и Хитлер во Виена во 1933 година. Но, кога војската на Хитлер ќе ја окупира Франција во 1941 година, таа станува курирка на Движењето на отпорот.

По една акција, во бегство од нацистите, преку Шпанија, Вејк пребегнала во Велика Британија, каде што станала една од најважните координатори на британските специјалци и завршила шпионска обука. Таа имала и важна улога во операциите како денот Д. Ноќта на 29 февруари 1944 година била пратена во Франција да води 7.000 војници и да ги саботира нацистичките инсталации низ земјата.

На жената која покрај храброста, била и најголем украс во борбата против нацистите, светот и' се заблагодарил со многубројни медали во Обединетото Кралство, Франција, САД и, конечно, во Австралија, меѓу кои се и „Легија на честа“ и три „Воени крста“ во Франција и британскиот медал „Џорџ“.


#
Статијата е прочитана 1493 пати.

Испрати коментар

Од: bezanec
Датум: 11.08.2011 18:19:23
Е тоа ти е борец а не како нашите ДПМНЕ кои ја изгубија војната од албанците во 2001 година,ако може така да се рече .Бидејки војната беше предизвикана за поделба на Македонија за приклучување кон болгарија,но сепак албанците излегоа попаметни,не се сложија со поделбата имајки ги наум мегународната ситуација. И секогаш ВМРО-ДПМНЕ(врховистичко крило од ТМОРО) ги губи своите погубни идеи за Македонија,бидејки никако да размислат со своја глава туку друг што ќе им каже.Затоа Македонија е таму каде што е.
Од: gragjanin
Датум: 11.08.2011 19:20:42
Gledate li kako svetot znae da gi ceni, da gi slavi svoite antifashistichki borci , borci za sloboda! Za razlika od Makedonija koja e i sozdadena od antifashisti, deneska gi ocrnuvaat i ponizhuvaat

Најди! во Утрински
Свет
Турција го притиска сирискиот лидер
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Американците се плашат да трошат
Кина го изгради првиот носач на авиони
Јапонија одбројува до оставката на премиерот Кан
Што пишуваат весниците во светот
Доживотен затвор за манијакот

"""