Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Кина го изгради првиот носач на авиони

ПЕКИНГ - Кина вчера го лансираше првиот носач на авиони на прво пловење и тој чекор веројатно ќе ја зголеми патриотската гордост дома и нервоза во странство, во врска со поморските амбиции на Пекинг. Долгоочекуваното деби на бродот, обновен поранешен советски брод, значи чекор напред во долгорочниот план на Кина да направи носач на авиони што ќе може да покаже сила во Азискиот регион. Во морските води на регионот има прометни бродски линии и тешки територијални спорови.

Носачот на авиони „го напушти бродоградилиштето во пристаништето Далијан, во североисточната провинција Лијаонинг вчера наутро, и го започна првото морско пловење“, јави официјалната новинска агенција Ксинхуа, опишувајќи го патувањето како пробен тест за недовршениот брод. Носачот на авиони, со должина од околу 300 метри, пловеше низ магла и три пати ја активираше сирената кога го напушти пристаништето, јави Ксинхуа на блогот за воени вести.

Агенцијата Ксинхуа јави дека „градењето силна морнарица пропорционално со се повисокиот статус на Кина е неопходен чекор и неизбежен избор за земјата да ги заштити нејзините се' поглобални национални интереси“.

Кинеските граѓани сметаат дека лансирањето на носачот покажува дека нивната земја заслужува поголема почит од останатиот свет и покрај проблемите со кои се соочува дома. Минатиот месец, несреќата со брзиот воз беше причина ��ногу Кинези да жалат поради, како што велат тие, лекомислената глад на официјалните лица да го покажат технолошкиот напредок.

„Носач на авиони е ознака на големите сили“, вели Пан Чунли, 29-годишен ИТ техничар од Пекинг. „Кина драстично се разви. Целиот свет треба одново да ја гледа Кина како издигнувачка сила која може да ги брани своите права и територии“.

Минатиот месец Кина го обновуваше стариот, недовршен советски брод купен од украинската влада, а Ројтерс дознава дека, исто така, гради два сопствени носачи на авиони. „Кина одамна беше фасцинирана од националниот престиж што им се дава на носачите на авиони, и ова прво пловење во морето може да се смета како клучен чекор кон целта да се постигне голем статус на поморска сила“, рече Ченгксин Пан, експерт за Кина од Универзитетот „Дикин“ во Австралија. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 866 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Турција го притиска сирискиот лидер
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Американците се плашат да трошат
Почина шпионката за која Хитлер нудел милиони
Јапонија одбројува до оставката на премиерот Кан
Што пишуваат весниците во светот
Доживотен затвор за манијакот

"""