Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Турција го притиска сирискиот лидер

По пропадната мисија на шефот на дипломатијата, премиерот Ердоган го обвини Асад дека пука врз сопствениот народ

БЕЈРУТ - Сирискиот претседател Башар ел-Асад го одби апелот од Турција да запрат сириските остри мерки што се покажаа како едно од најкрвавите поглавја во арапскиот бунт и ја вовлекоа земјата во најдлабока изолација со години. Асад истакна во изјавата по шестчасовниот состанок со турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, дека неговата влада ќе продолжи со борбата против милитантните исламисти, термин што владата често го користи за да ги опише поттикнувачите на бунтот што почна во март и се наметна како најголем предизвик за владеењето на Асад.

Вчера турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, го обвини Башир ел-Асад дека „го насочил оружјето против сопствениот народ“. „Турската порака до Асад е многу јасна – да запрат сите насилства и крвопролевања“.

Сириската државна новинска агенција Сана го цитираше Асад, кој му порача на Давутоглу дека Дамаск „нема да попушти во гонењето на терористичките групи со цел да ја заштити стабилноста на земјата и безбедноста на граѓаните“. „Но, исто така, е решен да продолжат реформите. И Дамаск е отворен за каква било помош што ја нудат пријателски и братски земји“, се наведува во изјавата што ја објави Сана.

Турскиот министер за надворешни работи пристигна во Сирија во вторникот наутро за да пренесе порака од премиерот Реџеп Таип Ердоган дека на Анкара „и' истекува трпението“ за строгите мерки со кои, според некои сириски опозициски групи, се убиени повеќе од две илјади луѓе.

Турција, соседна земја на Сирија на север, беше сојузник пред да се нарушат односите поради строгите мерки на Асад, а се смета дека нејзините официјални претставници се' уште имаат влијание врз Асад, кој дојде на власт во 2000 година. Давутоглу лично ја посетил Сирија повеќе од 60 пати во последните осум години.

„Асад ги изнесе сопствените размислувања, а ние нашите ставови да запре крвопролевањето колку што е можно поскоро, а народот на Сирија од сите верски групи да живее во мир во иднина“, изјави Давутоглу за новинарите во Анкара по средбата со Асад.

Вашингтон најави поддршка за посетата на турскиот министер, а портпарол на Стејт департментот во Вашингтон изјави дека државната секретарка Хилари Родам Клинтон разговарала со Давутоглу пред неговиот состанок во Дамаск. Портпаролот Марк Тонер го нарече тоа можност „да се испрати уште една силна порака до Асад“. Но, Давутоглу инсистираше дека тој не зборувал во име на САД. „Ги пренесовме само пораките на Турција и на никој друг“, рече тој.

Турски официјален претставник, кој побара да остане анонимен, изјави дека САД бараат нови санкции за Сирија, а Турција е против таков став. „Се забележува разидување во начинот на кој турските и американските претставници се справуваат со конфликтот“, рече официјалниот претставник и додаде дека и двајцата сакаат да се стави крај на цивилните жртви.

Турските претставници одамна сметаа дека подобри односи со Сирија се еден од нивните најголеми успеси во надворешната политика. Двете земји одржуваа заеднички состаноци на кабинетот и воени вежби. Барањата за визи беа укинати во 2009 година, граничните премини беа проширени и беше отворен нов граничен премин што помогна трговијата тројно да се зголеми за три години. Сепак, бунтот ги разниша амбициите на Турција да се интегрира во економијата на регионот, додека Сирија стана поизолирана.

Додека двајцата претставници се состанаа во Дамаск, воените и безбедносните сили продолжија со нападите врз неколку градови, а активисти јавија дека најмалку 23 луѓе загинале во земјата. Тенковски напади имало врз градот Биниш во северозападната провинција Идлиб, во близина на границата со Турција.

Во координираната кампања што трае оваа недела Саудиска Арабија и други земји од Персискиот Залив ги повлекоа нивните амбасадори. Во вторникот Египет се приклучи во осудата на нападите. Министерот за надворешни работи на Египет, Мохамед Амр изјави дека Сирија се движи, како што рече тој, кон „точка од која нема враќање“. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар

Од: slce
Датум: 11.08.2011 01:27:51
damask e glaven grad na sirija @@@ bejrut e na Lebanon pozd

Најди! во Утрински
Свет
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Американците се плашат да трошат
Кина го изгради првиот носач на авиони
Почина шпионката за која Хитлер нудел милиони
Јапонија одбројува до оставката на премиерот Кан
Што пишуваат весниците во светот
Доживотен затвор за манијакот

"""