Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Економија

Нема пролонгирање на рокот за дивоградбите

Како што наближува крајниот термин за легализација на дивоградбите - 3 септември, дел од граѓаните веќе бараат да се продолжи овој рок. Но, локалните власти се децидни дека нема да има пролонгирање.

„Нема да има продолжување на рокот за легализација на дивоградбите“, изјави во саботата градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, при што апелираше граѓаните да ги искористат преостанатите денови до истекот на рокот и да поднесат документи. Тој најави дека општините ќе работат прекувремено, но и во текот на викендите. „За продолжување на рокот не размислуваме, поради тоа што ако тој се продолжува, нема никаде да стасаме. Законот даде доволна можност и доволно време. Покрај тоа, ЗЕЛС вчера објави повик до сите граѓани да дојдат во својата општина и да поднесат само барање за легализирање на нелегална градба. Потоа можат во текот на шест години да ја комплетираат документацијата и да добијат имотен лист“, истакна Трајановски.

Од 300.000 дивоградби во сите општини во земјава, досега се поднесени околу 170.000 барања за легализација, од кои поголем дел во изминатите неколку дена. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 558 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Полни паричници со кованици
Почеток на промени во грчкиот банкарски систем?
Засилени контроли на откупните пунктови за грозје
Предупредувачки звучен сигнал
„Гугл“ ќе плати казна од 500 милиони долари
Шалтерите за пререгистрација ќе работат и во вторник
Лагард

"""