Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Економија

Засилени контроли на откупните пунктови за грозје

Државниот инспекторат за земјоделство најавува засилени континуирани контроли кај регистрираните откупувачи, во пресрет на претстојниот откуп на грозјето. Директорот на инспекторатот, Румен Стаменов, соопшти дека за таа цел се формирани посебни тимови, кои постојано ќе ја контролираат работата на секој откупен пункт. Тој истакна дека не смее да се врши откуп на локации кои не се пријавени како откупни места и оти на секој пункт задолжително треба да бидат истакнати откупните цени, десет дена пред почнувањето на откупот. „Ги предупредуваме винарниците, односно регистрираните откупувачи, дека доколку извршат откуп на грозје без притоа да имаат склучен писмен договор со лозаропроизводителот, нема да добијат субвенции и ќе бидат законски санкционирани“, потенцира Стаменов. Од Инспекторатот потсетуваат дека лозарите задолжително треба да имаат склучено писмен договор со винарската визба и оти не смеат да склучуваат договор за количини грозје за кои веќе имаат склучено договор со друг откупувач.

Стаменов не очекува нерегуларности при овогодишниот откуп на грозјето затоа што законот јасно укажувал дека родот за оваа година треба да биде во целост исплатен во рок од 180 дена, односно до април 2012 година.

„Стаменов ги негираше информациите дека има забрана за извоз на вино. „Нема никаква забрана за извоз на вино за оние винарници што ги исполниле законските обврски од Законот за вино, односно што го имаат исплатено родот за 2009 година“, рече директорот. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 578 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 29.08.2011 07:48:41
Исто че биде како и за откупот на тутунот.Ако има и предвремени избори ке има и дополнителни субвенци ,па и за родот 2009 година.
Од: blazo-b so tocka kostic
Датум: 29.08.2011 14:42:27
najgolema glupost e subvencijata na 2denari od kg sto mu ja davat na vinarskite vizbi,pusti gi granicite ce dojdat od nivata da ni go zemat posle da gi vidam ane sega od 2009god 80 posto narodot nema zemano pari,samo lagi i obecavanje
Од: mitko
Датум: 30.08.2011 16:52:38
gluposti jas nemam zemeno pari od 2009 go dadov vo Vinea palikura samo me lazat pa kako za niv ne vazi toa da imaat zabrana pa kako ce ziveeme vaka , kade ce go nosime sega Imam poraka do ovaa vlada: OTVORETE GI GRANICITE da dojdat da ni platat i da mu dadime grozje da vidime malku air od grozje i da se razdolzime. Ne gi molite Vinariite da otkupuvaat tie imaa svoi plantazi i za toa se vazni.A koga mu se nude bes pari zosto da ne zeme da otkupuva i da plate koga ce ima posle 2-3 godini. Treba ednas da se presece: KOJ SAKA DA OTKUPUVA DA DEPONIRA PARI VO BANKA onolku kolku sto planira da otkupi. I neznam Ministre kako vie se dogovarate placanjeto da se vrsi na 4-5 rati. Vie platata na rati li ja zimate a? I ne pak kako lani da vikate prvo da se sobere pa posle ce a redime. PLACANJE ODMA ili otvorete gi granicite pozdrav

Најди! во Утрински
Економија
Полни паричници со кованици
Почеток на промени во грчкиот банкарски систем?
Предупредувачки звучен сигнал
Нема пролонгирање на рокот за дивоградбите
„Гугл“ ќе плати казна од 500 милиони долари
Шалтерите за пререгистрација ќе работат и во вторник
Лагард

"""