|
|
|
|
|
|
Шалтерите за пререгистрација ќе работат и во вторник
Фондот за здравствено осигурување соопшти дека и во вторник, 30 август, прв ден на празникот Рамазан-бајрам ќе биде работен ден за шалтерите на Фондот за пререгистрација на невработени лица. Шалтерите на Фондот работеа и вчера.
Познато е дека невработените кои се носители на здравствено осигурување треба да се пререгистрираат до 1 септември во подрачните служби на Фондот. Пререгистрирањето се врши со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации и со пополнување барање за издавање електронска здравствена картичка.
Потребните документи за пререгистрација се на шалтерите на ФЗОМ и на веб-страницата на Фондот. За сите информации граѓаните може да се обратат во Фондот на инфолинијата 080033222. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 654 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 29.08.2011 07:52:42 |
|
Трпе стрижел,стрижел и успеал за цел ден да остриже само една овца.Кога се стемнило ја повикал Трпана да му донесе фенерот за да ги остриже и преостанатите педесет овци. |
|
|
|
|
|
|
Од: ez-mani |
Датум: 29.08.2011 15:30:00 |
|
ova shto go pravi vladata so zdravstvoto e machenje na narodot koj e i taka iscrpen od previsokite ceni,a isto taka so imotnite listovi,imash posedoven list sega trebalo i imoten i ova e chisto machenje na narodot i faktor za destabilizacija na makedonija od bezredija i teshki excesi so civilni zhrtvi,ne daj bozhe da dojde do ova no na narodot vo makedonija mu e stemneto pred ochite i go imat toa pravo da reagirat. |
|
|
|
|
|
|
|
|