Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Економија

Лагард: Зголемени ризиците за светската економија

Светската економија се соочува со зголемени ризици и има помалку можности за мерки за поддршка отколку порано, изјави генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, на економски форум во местото Џексон Хол на западот на САД. Таа додаде дека, сепак, постојат солуции, но само со решително дејствување.

„Светската економија ќе продолжи да расте, но не доволно. Започна соочувањето со некои од главните причини за кризата од 2008 година, но не на соодветен начин“, вели Лагард. Според неа, ризиците се зголемени поради намалување на довербата и сомневањето дека политичките функционери не се одлучни или едноставно немаат волја да ги донесат потребните одлуки.

Шефицата на ММФ ги повика централните банки низ светот да ги држат каматните стапки на ниско ниво и да го разгледаат преземањето на „неконвенционални“ чекори за да го заштитат глобалното закрепнување.

Во Европа, државите треба да ги решат своите должнички проблеми и, пред се', да ги рекапитализираат банките, што според неа е клучно за да се запре ширењето на заразата на другите земји.

Лагард, исто така, ги повика американските политичари да преземат поагресивни чекори за стимулирање на економијата и за ублажување на кризата во станбениот сектор. (Нетпрес)


#
Статијата е прочитана 444 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Полни паричници со кованици
Почеток на промени во грчкиот банкарски систем?
Засилени контроли на откупните пунктови за грозје
Предупредувачки звучен сигнал
Нема пролонгирање на рокот за дивоградбите
„Гугл“ ќе плати казна од 500 милиони долари
Шалтерите за пререгистрација ќе работат и во вторник

"""