Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Економија

Почеток на промени во грчкиот банкарски систем?

Можно е формирање најголема банкарска група во државата, со потенцијалното здружување на Алфа банка и Јуробанк

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грчкиот банкарски систем е на прагот на нов бран промени. Како што јавија грчките медиуми, можно е формирање најголема банкарска група во државата, со потенцијалното здружување на Алфа банка и Јуробанк. Официјалното објавување на спојувањето се очекува во текот на денешниот ден. За можното обединување на овие две банки се шпекулира со години, меѓутоа, според медиумите, овој пат работата е целосно договорена.

Освен овие две банки, во новата банкарска групација учество ќе ��ма шеикот Хамад бин Халифа ан Тани од Катар, еден од најголемите светски инвеститори. Неговото акционерско учество ќе биде значително поголемо од тоа на двете банки, што доведе до тоа многумина да забележат дека веќе започнува „распродавањето“ и приграбување делови од сите сектори во државата. Меѓутоа, за некои од аналитичарите влез на ваков голем стратегиски партнер е позитивен сигнал за Грција и е силен знак на доверба за банкарскиот систем и, воопшто, за грчката економија во исклучително тежок период за државата.

Според првичните информации, се очекува во новата групација двете грчки банки да учествуваат со 600 милиони евра, додека, пак, шеикот од Катар да вложи околу 1,4 милијарди евра. Се предвидува дека новата банкарска групација ќе биде најголема во Југоисточна Европа, а на 25. место по големина во Европа. Според шпекулациите, ќе има мрежа од околу 2.000 експозитури и над 8 милиони клиенти. Се очекува на чело на управниот одбор да застане сегашниот претседател на Алфа банка, додека, пак, во самиот одбор ќе има петмина членови од секоја банка и двајца меѓународни советници. Главната цел на новата банкарска групација, за чија „свадба“ се чека денес или во следните денови и официјално да се произнесат претседателите и акционерите во Јуробанк и Алфа, ќе биде независност од Европската централна банка.

Во анализата на весникот „Етнос“ се забележува дека со овој потег двете банки изнаоѓаат начин да се справат со новата проблематична ситуација во банкарскиот систем во државата откако министерот за финансии, Евангелос Венизелос, изјави дека за доделување средства на банките од Финансискиот фонд за стабилност, државата ќе добива акции или капитал. Со други зборови, овие банки ќе бидат под државна контрола.

Еден елемент, кој предизвика загрижување, е проблемот што би можел да настане со бројот на експозитури и персоналот. Според медиумите, поради ударот на економската криза, реални се шансите при спојувањето на двете банки да дојде до затворање дел од експозитурите и отпуштање дел од вработените, проблем за кој веднаш реагираше левичарската партија СИРИЗА со барање да се осигура и гарантира работното место на сите вработени во банките по формирањето на новата банкарска групација.

Алфа банка е втора најстара по работење банка во Грција. Таа постои на пазарот 132 години и е една од најголемите банки во Грција со над 900 експозитури во целата држава. Банкарската групација е активна и меѓународно, со присуство во Кипар, Романија, Македонија, Бугарија, Србија, Албанија и Обединетото Кралство. Групацијата ЕФГ Јуробанк во Грција функционира од 1990 година. Првиот човек на банката е Спирос Лацис, познатиот грчки милијардер, син на магнатот во бродската индустрија, Јанис Лацис.

Здружувањето на овие две банки, според оцените на аналитичарите, може да биде мотив и дел од другите банки во државата да направат сличен чекор за полесно справување со кризата.


#
Статијата е прочитана 1083 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Полни паричници со кованици
Засилени контроли на откупните пунктови за грозје
Предупредувачки звучен сигнал
Нема пролонгирање на рокот за дивоградбите
„Гугл“ ќе плати казна од 500 милиони долари
Шалтерите за пререгистрација ќе работат и во вторник
Лагард

"""