Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Место со датум Брисел ќе не' награди со визи?

Единствено Македонија од Западен Балкан има шанси да добие препорака за укинување на визниот режим

Брисел - Македонија е единствената земја од државите на Западен Балкан која има шанси до крајот на годинава да добие препорака за укинување на визниот режим што би се реализирала и веројатно би стапила во сила до текот на идната година.

Ова, како што се дознава, било навестено на завчерашниот состанок на Комитетот за Западен Балкан, на кој било оценето дека нашата земја отишла најдалеку во исполнувањето на барањата за укинување на визите, а бидејќи три години по кандидатскиот статус земјата нема да добие датум за преговори во декември, на истиот состанок ќе и' се даде утешителна награда за започнување на процедурата за укинување на визите. Одлуката треба да биде донесена на декемврискиот состанок на Советот на министрите, по извештајот и препораките на Европската комисија, кои треба да бидат завршени во ноември.

Втора причина за ваквото брзање се претстојните парламентарни избори, така што ако одлуката не помине низ парламентарна процедура до април, ќе треба да го чека новиот состав до ноември, па со имплементацијата на одлуката, која трае од три до четири месеци, визното укинување би било реалност дури во 2010 година, што за една земја со статус кандидат и со сите исполнети услови би била предолга опција.

И еврокомесарот Оли Рен вчера во Париз ги потврди очекувањата дека ако условите бидат исполнети, визите ќе бидат укинати „за некои од земјите“ до крајот на 2009 година. Освен визите и завршувањето на преговорите со Хрватска идната година, Рен не најави никаква друга конкретна одлука за Западен Балкан, па засега не е јасно на што почива неговата неколкупати повторена оцена дека идната година ќе биде ветувачка за регионот.

Зборувајќи за Македонија, Рен изјави дека „каква било оцена за отворање или не на преговори за членство ќе зависи од процената на Комисијата за постигнувањата на земјата во судството, реформите на јавната администрација и изборниот процес“. (С. Ј.)

 


Статијата е прочитана 2610 пати.

Испрати коментар

Од: EGEEC PO BABA I DEDO
Датум: 04.10.2008 01:20:10
zivi mene i cela nacija makedonska dajte da prestaneme so taa pokvarena evropa ednas veke i da ja zaboravime oti tie birokrati najmalku dobro mislat. abe samite vo hiporkrizija ziveat najgolema n svetot nie kaj niv sm e se zagnale ke patueme. prekin n pregovorit zakani za toa eden poteg nakaj rusija prividen nemora realen sami ke nemoal t djte edna vestto politicki vi se moal mdajte doeka d adojde mesijata makedonski a ide da znaete
Од: don kihot
Датум: 04.10.2008 09:41:15
Ova e dobro da se slusne, patuvanje bez vizi znaci sloboda za Makedonskite gragani, ova mnogu znaci za nas.So ogled deka Makedonija ima ekonomski rast od 6% ovaa godina i uste red drugi pozitivni zakoni koi gi donese Vladata vo ekonomskata svera, se otvaraat moznosti za uste poveke direktni stranski investicii sto ke ja zajaknat Drzavata vo toj pogled.Netreba da se zali za datum za pregovori so EU, ova ni bese vistinski vazno.A so vakov ekonomski rast , blagodetite obicnite gragani ocekuvam da gi pocuvstvuvaat vo slednite dve godini.Zvuci paradoksalno, no mislam deka vo prednost sme sto ne sme vo Unijata.
Од: Stojko
Датум: 04.10.2008 10:35:09
Kakvi bre stranski investicii? Kakva vrska ima toa so vizite? Moja procenka e koga ke ni ukinat vizite, ke se isprazni makedonija od pametni mladi ludje so diploma i bez partiski kniski! Tacka!
Од: Atanasija
Датум: 04.10.2008 10:52:19
Seto ova mi lici kako igra so bebe:mu se podava cokolatce za da stane,toa stanuva,pravi cekor,dva kon podadenata raka so cokolatceto,a taa se povlekuva.I se taka vo nedogled:sopstvenikot na rakata i cokolatceto se smee,se zabavuva,a deteto pagja,stanuva,trgnuva...I,vo eden moment,zasto toa e vo prirodata na coveskoto bitie tgnuva napred i bez nekoj da go mami so cokolatce,a patem da mu se potsmeva. Zarem ovaa slika ne ve potsetuva na nasata situacija i podadenata raka od NATO i EU? Ajde,da ne se brza kon vetuvanjata,pustete da se cekori napred bez trikovi.Od vremeto na prifakanjeto na RM vo OON pod improviziranoto ime,pominaa godini,a poveke od polovinata clenki ne priznaa pod ustavnoto ime.Ako se povlecime od veke priznaenoto,ke bideme golem potsmev za svetot,a Grcja glasno ke se smee zasto go isterala svoeto.Ako toa se sluci,i Bugarija, clenka na EU, nesto ke izmisli,Albanija, ne e clenka -pa pocnuva Drzavata da ja imenuva so BJRM,,i da pritiska RM da go priznae Kosovo.
Од: viktor filipov
Датум: 04.10.2008 12:22:33
Ako se sluci ova ke bide super,Makedonija ke se isprazni preku nok, Politickite partii ke pocnat da izumiraat, nema koj da go polni budzetot, administracijata koja e prenatrupana sega ke kolabira, e togas ke gi vidam gospodata biznismeni sto manipuliraat so lugevo, sto gi ponizuvaat i sto ne im davaat plata sto ke pravat. Ukinuvanjeto na vizite e edinstvenata dobra rabota od EU.
Од: futurista
Датум: 04.10.2008 12:29:44
Koga ke se ukinat vizite Makedonija vednas ke se resi so nevrabotenosta. Adio . Samo togas ovde ke rabotat Kinezi. V mesto trcame dodeka da gi ukinat vizite. Potoa gladen Lav ne mozi da me stigni da ne izbegam od ovde
Од: Zlatko
Датум: 04.10.2008 13:16:17
Го читам текстот и се чудам...Укинување на визите, благонаклонетост на ЕУ, колку ли само се дарежливи. Потоа ги читам и коментарите како Македонија ќе се испразнела... А како ќе одите во ЕУ? Со што? И што мислите сека ке ве чекаат на црвен тепих? Па не е така, затоа што сум бил таму... Многу тешко се живее во ЕУ и мислам дека доволно нашиве политичари ни правеа сон за некоја си „ветена земја“, исполнување на нашите сништа во ЕУ...додека тие прекрасно живеат тука... Прашајте само некој од „новите жители“ на ЕУ како живее... Визите можеби ќе ги укунат, но дали ќе имаме право да работиме таму? Или ќе биде истиот случај како толку најавуваното олеснување на визите кое откако се спроведе стана ОТЕЖНУВАЊЕ во вистинска смисла на зборот... мислам дека доволно не залажуваа...на развиените европски држави им е доволен напливот на Полјаци, во поново време Бугари и Романци и сега се во кризи и масовно ги отпуштаат и бркаат дојденците... Додека ние се сетивме, помина возот...
Од: dimitar
Датум: 04.10.2008 13:31:59
Уште подоб��о, вака барем нема да не малтретираат нацистите од еу за тоа каде смееме и каде не смееме да се движиме. Инаку, иднината ни е кон Цариград, Киев и Москва, воопшто не кон Брисел.
Од: Pelince
Датум: 04.10.2008 16:12:44
Eeeee!!!! kako da ne ke se ispraznela zela Makedonija, ako se ukine vizniot rezim.Kakvo nisko razmisluvanje, prvo so tie pasosi ke nemate pravo da se vrabotuvate vo EU tuku ke imate pravo da se setate po EU bez viza, toa e slucaj sega so Hrvatite a koga ke se isetate po EU i ke svatite deka ne e zlato se sto sveti, ke si se vratite pak vo MK i ke gi molite gazdite pak da ve primat da rintacite kako do sega.Dobro navel gospodinot pogore deka MK ima dobar ekonomski rast, i Makedonija ima odlicna idnina so vakov nagoren ekonomski rast.Samo za vasa informacija Germanija godinava ima 2,5%. Makedonija ke dozivee progres vo toa sum ubeden. Samo da se resi sporot so Grcija, ponatamu e se polesno.
Од: Дарко
Датум: 04.10.2008 17:25:59
Фала богу. Да излезе малце народов надвор, да има после со што да спореди кога ќе се врати. Не е се во долгометражни спотови од типот “фали ме усто да не те расчепам“, “пошто неможете да видите, ние ќе ви кажеме“, и од типот “гладен сум, смрзнат сум, без работа, немам пари за достоен живот, ТЕ МОЛАМ кажи ми приказна за да заспијам“........
Од: mene
Датум: 04.10.2008 19:16:42
kako sporeduvate babi i zabi ne mi e jasno. normalno germanija ke ima rast od 2.5 a mkd 6%. toa ne znaci razvoj. sporedba: makedonija od 100 na 1006, germanija od 1000000 na 1002500!!! aj razmisli malko sto pisuvas
Од: Franjo
Датум: 04.10.2008 20:30:49
Sakam da go podsetam avtorat na tekstot da od zemjite na zap. balkan drzavjani na Hrvatske ne trebat vizi za patuvanje vo EU, a vo Slovenija , Italija i Ungarija mozat da patuvaat so licni karti.
Од: Стамен од Шталковица
Датум: 04.10.2008 21:57:57
Ако навистина ги укинат визите, во Македонија ќе ни останат само оние како „Дон Кихот“ и на него слични... Тие несреќни 400000 сериски броеви... Со среќа нека ние...
Од: taipov abdula-intelektualec
Датум: 04.10.2008 23:32:13
mojot komentar od mojot sonarodnik vo geteborg e svaten pogresno,za nas turciye ne razberaat albancite vo balkanot treba da pomine uste poveke. Mislenjeto moe nee go zagrozuva suverenitetot na Kosovo nego ima dosta prasanja sto nese politicki reseni megju RM A/ 0odbelezuvanjeto nagranicite ne se zavrseni B/gorancite sto se etnicki makedonci na drugata strana od SAR-planina ,da se zdobijaat so pravo na izucuvanje na svojot majcin jazik. C/kako toa ke go prifati sosedna Srbija kade gragjanite na RM imaat izlez za EU-samo preku Srbija. Da se smiraat tenziite ke se iznajde resenie Evropa ne uslovuva za imeto da RM-mora da go priznae Kosovo,na eden nacin site sosedi na Balkanot treba da imaat dobri bilateralni uslovi bidejki dodeka Evropa se uedinuva Balkanot se rasparcuva. Evropa nee veke taja evropa sto bese pred 25g,

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
На Груевски му одговара изолација на Македонија
Лоша екскурзија на „Браќа Манаки“
Зденко
Претходен број
Расте притисокот за признавање на Косово
Почна месецот на финалната пресметка за претседател на САД
Црвен картон од ЕУ
Verbatim
Карикатура
Скокалница и лет во место
Хашките предмети во менгеме
Егзотичните имиња на европските држави
Скршени 'рбети!
„Ринија“ - отруена еднаквост
Средношколците на улица поради новите тестирања на нивното знаење
Војчех Јерузелски