Посетата на претседателот Бранко Црвенковски во Брисел потсети на некогаш популарната радиоемисија „Деновиве пред години“. Тој пред комесарот Оли Рен и пред генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, вети цврста решеност на Македонија да ги исполни условите и најави дека ќе се удвојат напорите да се надомести тоа што беше пропуштено изминатите месеци.
Вакви цврсти решености и најави за удвоени напори којзнае колку пати даваа сите македонски функционери изминативе години, а списокот на реформи што ги бара ЕУ и натаму е долг и, што е најважно, цикличен. Откако направивме добри избори, го расипавме политичкиот дијалог, за да го поправиме, одржавме катастрофални избори, откако воспоставивме стабилно политичко лидерство, го бојкотиравме парламентот, а откако почна да работи парламентот, се расипа кохабитацијата, па сега се чекаат пак избори за да се поправи впечатокот за да го исполниме клучниот услов што, според Оли Рен, не е веќе политички, туку демократски за Македонија.
ЕУ неделава јасно и' покажа црвен картон на Македонија, правејќи ги беспредметни посакувањата три години по кандидатскиот статус земјата да добие датум за преговори за членство во Унијата. Политичка култура, нормален политички живот, стабилни институции и владеење на правото се четири стари препораки што сега одново ги бара Брисел, што покажува дека Македонија никако не успева да созрее политички.
Затоа станува патетична растрчаноста на македонските функционери во Брисел еден месец пред извештајот на ЕК во ноември, иако знаат дека изгледите да се добие датум до крајот на годинава се истрошија.
AKO ovaa tema ja postavite na BUMBAR vo ponedelnik, pretpostavuvam deka VMRO-vcinjata ke se utepaat od davanje beli bumbari...
Од: Zoran
Датум: 04.10.2008 05:50:41
Pred nekoj den procitav vo srpski vesnik deka vo nivnata Skupstina se ispotepale pratenici. I sto se sluci???
Nitu Oli Rehn, nitu Havier Solana nikoj ne reagirase. Srbija ne ja priklestija i ucenija deka ke i bide blokirana Evropskata perspektiva! Zosto???
Zatoa sto poltronskite novinarcinja kako vas ne trcaa po Brisel i ne plukaa po svojata zemja. Zatoa sto zastitenite morzovi (novinari) ne ja stavija svojata bolna partiska oboenost pred nacionalnite interesi!!!
Se dodeka na neuspehot na MKD se gleda kako na super vest da se diskreditira Vlasta ili opozicijata samo za da se prodade broj poveke nie ke cmaeme so Vasata glupost i ke se cudime koja e taa poriv so koja tolku se obezlicuva i pluka Makedonija.
Da da Gruevski e kriv ili Crvenkovski....no fakt e deka mediumite vo Makedonija se NEZRELI i NEZAINTERESIRANI za nacionalno obedinuvanje!
Од: Nikola
Датум: 04.10.2008 08:39:50
Toa i celta na vlasta. da ne bideme ni vo NAT< Ni vo EU. Taka ce si bideme feud na Familijata na Gruevski. Toa i go zasluzuvame koga nasednuvame na lagite na DPMNE. Setete se na nivnite kampanji "ce seceme kandji na orli, gasni komori, SDSM predavnici oti popustaat na albancite i slicno", a sega, oti se na vlast, moze i Premierot da odi vo djamija, moze novi sredni ucilista za albancite, fakulteti, brojni vrabotuvanja za albancite, penzii za albankite koi radjaat povece deca... Koj ednas izlaze, puknalo perdeto, ce laze za navek!