Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

На прва топка

Скокалница и лет во место

 Фарко Шакири

Цивилизациската битка против мрачните гравитациски сили е добиена пред стотина години. Летовите на хеликоптерите, авионите, балоните, едрилиците, змејовите го означија крајот на човечките напори, тој конечно да се одвои од постојаното чмаење на земјата. Потфат што не му успеа ниту на легендарниот митски летач Икар со сите негови варијанти на крилја.

Горенаведените летала се забележуваат и во Македонија, но очигледно кај неа се чувствува страв од летање (барем кај оние кои треба да докажат дека и сонцето е ѕвезда) веројатно од безбедносен аспект, посигурно е да стоиш на земја и во место, отколку да леташ, но чувството во овој случај не е автентично, туку станува збор за отпор кон нешто.

Сепак, информацијата што проструи низ јавноста, а која вели дека по иницијатива на неуморната Агенција за млади и спорт некаде во Македонија ќе се гради ски-скокалница, влева надеж дека тој страв од летање ќе го надминеме летајќи на скии. Проектот не е скап, само 5 милиони евра буџетски, поточно речено наши пари, ќе не' стават во редот на нациите кои веќе одамна летаат на овој начин и ги освојуваат дестинациите кои живот значат, и сето тоа на чифт штици.

Значи, по 10 базени, 40 сали, 100 тениски терени, дојдовме и до скокалница. Останува уште стадион за бејзбол со капацитет 100.000 места и терен за голф кој би бил на локација некаде меѓу преспанските села Горно и Долно Дупени, со оглед дека Прспанското Езеро е на најкритичната точка од своето постоење, па ударите на Тајгер Вудс и другите лесно може да го прелетаат, а ние ќе го задоволиме критериумот и за водена површина во тој голф-амбиент.

А, за скокалницата што би требало да се изгради на Кожуф, веднаш треба да аплицираме за прием во друштвото на турнејата „Четири новогодишни скокалници“. Ем е нова година, што значи многу празници, храна и малигани, ем плева од туристи, состојба во која многу полесно и похрабро се лета.

Меѓутоа, таквата новогодишна олабавеност на падините на Кожуф крие и опасност. Имено, поради близината лесно може да се случи некој наш летач да го наруши воздушниот простор на Грција, што дополнително ќе ја

искомплицира и така тешката преговарачка позиција околу името со нашиот јужен сосед.

Затоа, воопшто не треба да се чека со распишувањето на тендерот за изградбата на македонската „Планица“, кој ќе биде и пр�� чекор во остварувањето на замислата за организација на Зимски олимписки игри во Македонија. А, граѓаните како даночни обврзници за своите пари ќе може бесплатно да летаат и да уживаат во убавините на Кожуф и околината. За тоа ќе треба да размисли и градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, и да изнајде место за биста на Мати Никенен, како еден од најдобрите светски летачи, кој поради премногу блискиот и секојдневен контакт со финската вотка прерано ја заврши кариерата.


Статијата е прочитана 515 пати.

Испрати коментар

Од: Tedi
Датум: 04.10.2008 01:02:06
I druze sto sakas da kazes so tekstov deka treba ili deka ne treba da pravime skokalnica.Jas kolku so te razbrav si protiv.Stvarno ne znam zosto i sto ti smeta toa sto vladata i ams pravat nesto za sportot.Dali treba i novata sala da ja srusime i stadionot da ne go gradime? I dosta ste se naucile so taa floskula '' nasi pari ''- da be vasi se vie gi davate od djeb i vaka i taka pa barem neka se gradat sportski objekti,a ne da gi kradat nekoj si tamu seljancinja bez kultura sto se infiltriraa vo opstestvovo kako nekakvi si faktori.A deka drzavava mrda od apatijata se gleda i po uspesive na nasite reprezentacii vo izminatiov period-znaci na VMRO i toa mu odi vo prilog, za razlika od periodot na vaseto komunjarsko vladeenje koga mozevme samo da sonuvame za nastap na ep ili sp vo ekipen sport,poradi vasata negriza za sportot.Ama ako cim vie ste protiv vo brzo vreme ke gledame i ski skokovi na Kozuv, zosto koga vie ste protiv znaci nesto e dobro.
Од: angel
Датум: 04.10.2008 03:15:46
ami od vakvi novinari i ne trgnalo napred!sto ti smeta bilo kakva izgradba?!li i ti po staroto nisto da ne se mrda aloooooooo napred treba da se odi se sto ke se napravi ostanuva,samo ukradeniot" kes" go nema-tuka e problemot
Од: Struzanec
Датум: 04.10.2008 03:36:32
Imavne edna vlada pred ova vlada sto ne gradese niti stadioni niti sali a nesobra niti pari vo bugetot pa bez izgradena SKOKALNICA skokna i se lizna ama e skrsi i SIJATA i nikogas ne ce se oporavit.Izgleda podobro ti e tebe denes nasite deca uste da igret vo nekoj livadi topka napravena od krpi ,ili da se skiet so KAJKOJ namesto so ski.Ako nisto ne izgradet ne rabotele ,ako napraet nesto zosto ni bilo bilo so drzavni i narodni pari .Pa dane ocekuvas odnebo da paget parite .Pa zosto nedadis malku od tvojte pari kako poklon istaknise so nekoja donacija.
Од: D.V
Датум: 04.10.2008 08:47:32
Dodeka go citav vasiot tekst,Gospodine Sakiri,si pomisliv deka vakva jasna poraka,i ke vlijae nesto kaj onie koi donesuvaat nedovetni odluki vo ovoa nase "vreme- nevreme"! Pa pominav na komentarite; zalni i tazni: Komu gospodine mu kazuvate sto se pravi,sto ne ceka koga nie obicnata "raja",ama bas nisto ne sme vo sostojba da razbirame! A ovi pogore komentatorite,sto razbrale?! Ovoa e zalna konstatacija, za nasevo kulturno li ili intelektualno nivo da kazam,SPIEME LI,sto li.....?! Vo sekoj slucaj,ne gledam kade ke skrsneme od praviot pat. Toa me potsekja na vicot,koga Kurti vlegol na cas dodeka bil prosaten ispektirot,pa ucenicite se zasmejale i na prasane na ucitelkata i rekle; " ucitelke,ucitelke, Kurti vleze, ati ne go seti"! taka ke ni bide i nam po nekoja godina, so "pomok na letalata"!
Од: Makedonec
Датум: 04.10.2008 09:15:39
Tekstov ole le. Ne smee vo Makedonija da ima ni stadion, ni teren za nishto ako ne e odobren od Branko Kockica. Dodeka beshe SDSM na vlast, i bazenot vo Skopje nemashe voda.
Од: Skok vo ambis
Датум: 04.10.2008 09:16:32
ovie proekti na Agencijata za mladi i sport me potseca na onaa narodnata: Videla zabata atot ja potkova nogata pa i taa ja dignala da ja potkova. Tuku zosto da ne gradime Skokalnici so parite sobrani od danoci na narodot . eve gi resivme site problermi ,so zdravstvoto , so vrabotuvanje , so skolstvo , so siromastija, so energetika , so saobrajcajnici,pa imame visok pari moze da gradime i skokalnici . Ja predlagam da se izgradi i Diznilend i kosmodrom, a ne e loso i ppista za trki za formula 1 i toa vo Kisela Voda. Zamislete trka vo formula eden pod imeto" Djordje_ring" Koj e kako nas. Gospod neka ni e na pomos, no se dodeka imame vakvi zabludeni kako Tedi, angel i struzanecot ce bideme" selo bez kucinja " i pole bez poljak. Pa neka ni e so sreca Skokalnicata i skokanjeto vo ambis
Од: kicevo
Датум: 04.10.2008 11:22:16
Да не остане и скокалницата споменик како салите на Георгиевски
Од: Трпе
Датум: 04.10.2008 12:37:38
Честитки до овие кои ги подржуват проектите на владата на Николај.Човекот со неговата ароганција лета високо.Но со скокалници брзо се пага на земја.Во државата се е розово па нормално е спортските објекти да се градат од народни пари.Македонскиот народ со празни стомаци ке постигнува рекорди на скокалниците.Или диктаторот смета дека сиот македонски народ се овци па кога ке има магла која тој ја сее низ македонија на народот ке му кажува да одат да скокат од скокалниците и да собират волна.Така ке бидеме најголеми извозници на волна.Народот ке се испоубие мегу себе а ке остане да царува семејството на диктаторот кој земјава ја држи во изолација за да се изнабалират повеке од давачките на народот.Од арогантно детиште не бидува ништо.Тој живее во својот себичен свет на фантазии.Како Лјубшо ја уништи државата.Големите таканаречени патриоти со странски пасоши ништо неможе да видат повекеод носот.Носот многу им е подигнат на немат осет за НИШТО.
Од: sportist
Датум: 04.10.2008 13:06:27
Tekstot e odlicen, samo za kogo. Navistina e zalno koga ke se procitaat del od komentarite. Bi ve zaprasal dali mislite deka se plasiravme na svetsko blagodarenie na Gruevski ili nekoj drug. Pa ve molam ne mu gi prepisuvajte zaslugite na drug. A toa sto mozat da ni ja odzemat organizacijata na EP vo rakomet, toa sto najdobrite klubovi se otkazuvaat od natprevaruvanje i toa tamu kade imame sekogas dobri rezultati. Ama ete nekoj bi da skoka, samo vnimavajte na prizemjuvanjeto.
Од: STRUMICA
Датум: 04.10.2008 13:48:40
Epa Makedonce epa skokaj; sto bi rekol cacko
Од: Абре Македонче
Датум: 04.10.2008 23:23:58
Какви резултати,кое европско? Да не има владата или агенцијата некоја заслуга што кошаркарите ке одат на европско. Дури и за користење на сала газда Змејковски дебело им наплати. Ако сакаат нешто да направат нека ги осигураат барем нашите репрезентативци, да не се повтори приказната со Пеце. А од такви маркетинг програми од типот на сали(со ламинат место паркет, греење???), тенис, стипендии. Се виде на Олимпијадата кои сме и што сме. Нека ни бидат пример нашите соседи, би��о кои,многу ке научиме. А на скокалницава, нека скокаат прво тие што ке ја направат, а ние да се смееме!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
На Груевски му одговара изолација на Македонија
Лоша екскурзија на „Браќа Манаки“
Зденко
Претходен број
Расте притисокот за признавање на Косово
Почна месецот на финалната пресметка за претседател на САД
Црвен картон од ЕУ
Verbatim
Карикатура
Хашките предмети во менгеме
Егзотичните имиња на европските држави
Скршени 'рбети!
„Ринија“ - отруена еднаквост
Место со датум Брисел ќе не' награди со укинување на визите?
Средношколците на улица поради новите тестирања на нивното знаење
Војчех Јерузелски