Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Средношколците на улица поради новите тестирања

Средношколците не сакаат тестови со кои ќе се проверува нивното знаење на крај од учебната година

Жаклина Хаџи-Зафирова

Околу двесте средношколци од неколку средни скопски училишта вчера протестираа пред Министерството за образование и наука поради воведувањето нови, стандардизирани тестови за проверка на знаењата во средните училишта од оваа учебна година. Средношколците, кои претходно се вознемирија од државната матура, сега се избезумени поради новите тестови, за кои велат дека не знаат ни зошто се воведуваат, а и професорите не се запознати што ќе содржат. Единствено што знаат е само дека ќе бидат оценувани по одреден предмет на крајот на секоја учебна година, што за нив е дополнителен стрес, бидејќи ќе бидат оценувани и во текот на целата учебна година. Од Министерството уверуваат дека ваквото оценување ќе биде добар показател за тоа дали било реално оценувањето на наставникот.

Средношколците негодуваат, бидејќи државната матура и полагањето на новите тестови се преголем товар за нив. Тие вчера протестираа пред Министерството и во текот на попладневните часови. „Доволно не' тестираат во текот на учебната година. Нашите професори се одлични и знаат да не' оценат. Ние им веруваме и не треба никој друг да не' оценува“, вели една средношколка. Според неа, врски при оценувањето има и тие нема да се укинат со овие тестови. „Ако некој сака, пак ќе потплати и ќе го помине тестот. Тоа не е некаква сигурност. Не се плашиме од овие тестови, туку тие треба да бидат распоредени во текот на годината“, децидна е средношколката. И повеќето други средношколци сметаат дека новите тестови не се потребни бидејќи, според нив, со државната матура ќе се види знаењето на учениците.

Раководителот за основно и за средно образование, Љупчо Спасовски, вчера се сретна со претставници на средношколците на кои им ги појаснил измените во законот со кои се воведени новите тестови. Тој добил впечаток дека тие не се запознаени со новиот начин на оценување.

„Не станува збор за оценување по дванаесет предмети, туку за проверка на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Се врши проверка на знаењето по еден наставен предмет од одреден наставник. Сите ученици ќе полагаат по еден предмет кој ќе се бира компјутерски. Ќе има екстерна проверка за знаењето во една паралелка за секој наставник“, изјави Спасовски, кој појасни дека проверката е со цел да се провери квалитетот на оценувањето на наставниците.

Со новите законски измени, тестови, покрај средношколците, ќе полагаат и основците од четврто до осмо одделение. Оценките што ќе се добијат од полагањето на предметот ќе влијаат врз формирањето на конечната оценка. Наставниците ќе бидат наградувани, односно казнувани во зависност од оценката што ќе ја добие ученикот. Оние наставници кај чии предмети ќе има најмали отстапувања од оценката ќе добијат за 15 отсто повисока плата. Оние кај кои ќе бидат забележани најголеми отстапувања ќе бидат казнети со 10 отсто помала плата.


Статијата е прочитана 566 пати.

Испрати коментар

Од: daniela
Датум: 04.10.2008 08:40:50
Od sto se plasat srednoskolcite od toa deka ke dobivaat testovi od materijalot sto go ucele za taa godina ili od toa kako ke stasaat i da ucat i po kafici da sedat
Од: Vlado
Датум: 04.10.2008 10:13:32
ne nego tatinite i mamninite koi si gi dobivaat ocenkite od rakav se plasat deka ke se otkrie se a tragicno e toa sto vsusnost i takvi ja vodat srednoskolskata unija i sega gi digaat drugite za da ne si gi pokazat svoite neznaenja i da ne izleze se na videlina
Од: kristina
Датум: 04.10.2008 12:49:04
Profesori, odete si doma, ekspertite kompjuterski ke gi ocenat nasite deca.
Од: димитар
Датум: 04.10.2008 13:37:04
Што им е сега?
Од: profesor vo "PENZIJA" prinudna
Датум: 04.10.2008 13:49:06
ова е добро да видиме колку работат новите кадри кои се “стручни“ повеќе од нас.
Од: marija
Датум: 04.10.2008 15:53:28
Ne e nisto strasno kolu bi mozele da gi testiraat. Vo USA gi testiraat po sekoj predmet sekoja godina pa nikoj ne se pobunil .Ili samo kaj nas si davaat mnogu sila pa i da strajmkuvaat. Kaj imaat ocenki od rakav dadeni pa i sega ne sakaar testovi. SRAMOTA E
Од: maloo
Датум: 04.10.2008 19:31:47
Ne e nisto strasno.... maturata e prelesna.Nema od sto da se plasat duri i tie sto ne bile jaki ucenici mozat da ja polozat. A i materijalot treba samo da se povtori nisto poveke, ne e potrebna pogolema podgotovka.
Од: maja
Датум: 04.10.2008 19:43:40
haha kolkku samo me nasmea komentarot na marija, vo amerika gi testirale na sekoj predmet. Ne go sporeduvajte skolstvorto vo Evropa ( poto4no na Balkanot) so amerika. Amerika e golaa voda so skolstvoto.. 10 god sum tuka ( vo Kanada) i pred 1 mesec doznav deka vo amerika i kanada do 8 odd im predava 1 profesor.. Uste sum shokirana kako moze 1 profesor da ti gi predava site predmeti ... Isto kako mene na privaten college profesorkata sto mi predavase anatomija po 1 mesec mi predava knigovodstvo alooooo... Ama zatoa mozeme so pismenosta u4iteli da im bideme. Mladite kaj nas mng mng poveke u4at, zatoa ne gi potcenuvajte i ne kazuvajte se e od mama i tato bla bla.. Skolstvoto si bese super i mislam taka treba da ostane a ne nekoj gluposti zapadni da se vmetnuvaat 9to letka i sto ti znam ...
Од: Dejan
Датум: 04.10.2008 21:40:08
Не е точно дека ние средношколците се плашиме од тоа што"нема повеќе да учиме во кафич",туку не ни одговара да бидиме тестирани за материјалот што сме го учеле во текот на целата година на еден ист ден.Подобро би било да не тестираат на секои 3 месеци!благодарам на вниманието
Од: Nenad
Датум: 04.10.2008 21:59:27
Abe slusnete sea site so pisuvate tuka gluposti.Ja lani zavrsiv sredno i pominuvav niz slicna situacija.Ne e deka srednoskolcite se plasat od tolku kolku ke neznaat, samo fakt e deka ne e mozno sekoj den da se baraat proekti od profesorite i da se testiraat vo isto vreme ucenicite za nekoi gluposti.A ZA TOA SEDENJE PO KAFICI, najiskreno sedat site, pa valjda srednoskolcite zasluzuvaat odmor.Jas licno bev skroz odlicen ucenik bez nitu edna pokloneta ocenka, pa pak bev protiv maturata.Koa ni ja dadoa, ja pak gi dobiv site petki.Zatoa ne zboruvajte tuka gluposti za neso sto ne ste go dozivbeale.SREDNOSKOLCI SAMO NAPRED!
Од: Maja
Датум: 04.10.2008 23:20:58
NENORMALNI pa sto sme nie kompjuteri ne e mozno materijal ucen edno polugodie da se podgotvi za 5ka a ne za 12 predmeti,neka razmislat sto pravat i neka se stavat na nase mesto.Slobodno neka dojde nekoj vo ucilistata da "napravime" muabet i da gi kazeme nasite stavovi a ne da izveduvame eksperimentalni gluvci

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
На Груевски му одговара изолација на Македонија
Лоша екскурзија на „Браќа Манаки“
Зденко
Претходен број
Расте притисокот за признавање на Косово
Почна месецот на финалната пресметка за претседател на САД
Црвен картон од ЕУ
Verbatim
Карикатура
Скокалница и лет во место
Хашките предмети во менгеме
Егзотичните имиња на европските држави
Скршени 'рбети!
„Ринија“ - отруена еднаквост
Место со датум Брисел ќе не' награди со укинување на визите?
Војчех Јерузелски