Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Расте притисокот за признавање на Косово

Ослабената позиција во спорот со името ја прави Македонија погодна за притисоци

Тамара Грнчароска

Од Америка, Европската унија, но и од Косово се засилува притисокот врз Македонија за признавање на независноста на поранешниот протекторат. Поттикнати од она што се случува последните месеци со земјава – се' поголемиот притисокот од НАТО, ЕУ, САД, за компромисно решение во спорот со Грција, нетрпеливоста меѓу македонскиот претседател и премиер за едно од клучните национални прашања - се зголемија апетитите на Приштина дека сега е моментот да се влијае врз Македонија за признавање, чувствувајќи ја неповолната положба на македонската надворешна политика во проекциите на моќните светски сили.

Тоа беше видливо пред одржувањето на Генералното собрание на ОН кога беа лиферувани информации дека Македонија во деновите на одржувањето на Генералното собрание ќе го признае Косово, можно и како дел од пакетот за решение за името. Иако не се случи тоа, самото поврзување на признавањето на Косово со решавањето на спорот со името го отвора прашањето за моменталната ранливост на нашата надворешна политика за двете клучни прашања за нас.

Последниот притисокот од Косово, по „летното“ мирување, дојде во четвртокот на економскиот форум одржан со косовски претставници во Скопје, на кој претседателот на Стопанската комора на Косово Бесим Беќај изјави дека „Македонската страна треба поскоро да се соочи со новонастанатата политичка реалност и да ја признае независноста на Косово. Со тоа ќе ги отстрани непотребните бариери и ќе ја подобри економската соработка“.

Економскиот притисок што се обидува Косово сега да и' го наметне на Македонија го следи политичкиот кој по, наводната, внатрешна дестабилизација на земјава, доколку не го признаеме, дрско ни порача и дека Приштина нема да го признае нашето уставно име, туку ќе не' именува со референцата ПЈРМ.

Токму тоа ја покажа состојбата на македонската надворешна политика по отворените прашања кога, наместо ние да поставуваме услови за признавањето на Косово, кое е економски, речиси, зависно од Македонија и на кое наша земја му претставува инфраструктурна порта за трговска размена, и да ја искористиме ситуацијата во наша полза, ние сме доведени во ситуација бидеме предупредувани од Приштина.

Македонија досега официјално не побара ништо од Косово за признавање на неговата независност, иако демарк��цијата на границата со протекторатот, која е во тек и која треба наскоро да заврши, се поврзува токму со тоа. Демаркацијата, која влезе во својата завршна фаза во септември, ги подгреа шпекулациите за признавање на косовската независност во септември, на што се огласи и официјален Белград, предупредувајќи дека таков потег скапо ќе го чини Скопје.

Иако неофицијално добро упатени извори, уште од самопрогласувањето на независноста на Косово, наведуваат дека е прашање на време кога ќе се случи признавањето од наша страна, официјалниот став на македонската Влада по ова прашање, повторен и од премиерот Никола Груевски изминативе денови, е дека Македонија ќе се води од државните и националните интереси во поглед на донесување одлука за признавање.

Но, изјавата на претседателот Бранко Црвенковски во Брисел пред два дена со која побара од македонската Влада, како единствено надлежна да одлучува по тоа прашање, „мошне скоро и јавно да го објави ставот на нашата земја кон независноста на Косово“. „Според мое мислење, истекува периодот во кој се правеа анализи и се градеше позицијата кон прокламираната независност на Косово“, изјави Црвенковски. Ова упатува на тоа дека кај државниот врв само привидно е дефинирана политиката на земјава по косовското прашање.

Ако на тоа се додаде и фактот дека нашата земја ја призна валидноста на косовските пасоши како документ за влез во земјава, што според странските дипломати значи неофицијално признавање на нечија државност, се' повеќе станува нејасно кои се позициите на Македонија по тоа прашање.

Отворање нов надворешно-политички фронт за Косово не и' одговара на земјава, чија ослабена позиција во спорот со името, ја прави погодна за притисоци и изнудувања од трети страни - без оглед дали станува збор за Приштина, Белград или за големите западни сили.


Статијата е прочитана 1486 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 04.10.2008 00:11:09
Crvenkovski j oslabi Makedonija so negovoto javno skrsnuvanje od dvojnata formula! Sega toj neka go priznae i Kosovo za da bide pogolem prijatel na albancite za normalno da gi dobie nivnite glasovi vo slednite izbori! Crveno ti se pise Crvenkovksi, vrz makedonska krv gazis!
Од: kole
Датум: 04.10.2008 00:16:17
Ajde sega da go vidam nasiot Grujica so kakov stav ke izleze... ili pak ke podmetnuva od tipot: Jas sum da go priznaeme Kosovo ama Branko ja koci rabotata, ili pak deka mu e gusto ke rece: Referendum za priznavanje na Kosovo??? Ajde Grujo na Kosovo ravno...
Од: taip abdula-Swedska
Датум: 04.10.2008 02:39:15
Sozitelstvoto megju makedoncite vo svedska prodolzuva i nadvor od granicite na RM.uste so sozdavanjeto na makedonskata interesna zaednica vo Svedska i koordinativniot odbor stalno turcite se zardno so makedoncite,deneska vo svedska turcite se organizirani vo dve KSD"Prespa-Birlik"i KC"KONAK" kade ovie drustva se vo sostavot na Makedonskiot Sojuz.znaci sozitelstvoto megju turcite i makedoncite prodolzuva i nadvor od granicite na RM. Shto ke dobie shto ke izgubi RM ako go priznae Kosovo?.kako toa ke go prifati nasiot sosed Srbija granicite kon bug.i Grcija se zatvoreni,moeto mislenje e da se poceka da se smiraat tenziite prvo site partii da se edinstveni okolu clenstvoto na RM vo NATO i priznavanjeto na RM-so ustavnoyo ime.Gospodinot gruevski ke ima mnogu maki so opozicijata neka gospod mu pomogne. Neka gospod mu pomogne i vozvisi RM-na celo so partijata na GRuevski.
Од: lenin
Датум: 04.10.2008 02:44:45
nema potreba od pritisok od strana na kosovo.koga ce dojde vreme ce bide priznato.na kosovo sigurno mu odgovara pa zatoa kupuva od Makedonija a ne deka ne sakaat mnogu.
Од: Mislav Andric
Датум: 04.10.2008 04:39:51
Bie trojca shto komentirate se gleda deka nemate pojma so politika. ajde da ne se priznae Kosovo po kede ke ide Makedonija ne gledate deka ke se podeli i trag Makedonija nema da ima, za toa Crvenkovski i Grujo go priznaat, Tie znaat sto pravaat , ne za albanci tuka za vas . Da ne pritisok nikogash nemaat da slushnaat za albancite. tie se stari vollci.
Од: struzanecamerikanec
Датум: 04.10.2008 06:43:44
dobro bre luge normalni ste li vie ili ne,nemozam da naydam normalen odgovor na site ovie gluposti sto gi iznakazuvate ovde.pa sto mislite ima drugo resenie za priznavanje na kosovo?dobro bese nie ne bevme prvi da ja priznaeme kosovo itaka trebase zatoa sto srbija e mokna i moze dani nasteti,pomina toa no sega posle 50tina drzavi sto ja priznaja sto se ceka? mozda srbija po nekoe cudo pak da se vrati nazad? nema nikogas poveke srbska cizma nema da gazi po kosovo,moze samo da bide vo zaednicata na eu i taka da se odi iposeti so konduri no ne so vojnicki cizmi,a nie ako cekame mnogu moze na albancite vo makedonija ednas zasekogas da imse stemni deka sovas ne vredi de bide zaedno pasto saka neka bide.albancite se vasi komsii sekoydnevni razberete ednas isvatete deka tie se edno,kako makedoncite vo bugarija ili grciya so makedoncite vo makedonija,ostavete gi tie nazadni idei na komunizmot pomina toa i nema poveke da se vrati
Од: iznenaden
Датум: 04.10.2008 08:50:08
a zosto nikoj od Albanskata nacionalnost ne gi komnentira izjavite na kosovskite politicari deka nema da ja priznaat makedonija pod nejzinoto ustavno ime?....Ako Oni ,,nemozele oti bilo rano?!,, togas zosto Nie da MORAME ?..pih
Од: (ne)blagodaren mrtovec
Датум: 04.10.2008 09:42:49
Tamara,STO ZBORIS.Procitan bukvar ste.
Од: trpe
Датум: 04.10.2008 09:49:08
Da bse priznae Kosovo da/ne,prasanje e sega.Makedonija od pred nekoj mesec gi prizna kosovskite pasosi,sto zanci nema nisto protiv priznavanjeto na noviot sosed.Obelezuvanjeto na granicata e vo zavrsna faza uste eden dokaz deka ja priznavame novonastanatata sostojba na sever od nas a toa obelezuvanje go vrsime zaedno so vlastite na Kosovo.No makedonskite novinari koi zedoa pari od brankovistite ,tacistite i ahmetovistite moraat sega da sozdavaat kriza vo drzavata pred konecnata odluka(jas mislam deka bozem ke nosat odluka),na EU i NATO za statusot na Makedonija.Albanski narode nie nacionalistite od Makedonija nemame nisto protiv sozdavanjeto na Kosovo kako drzava ,no i vie treba da razberete deka toa treba da se napravi dostoinstveno ne so pritisok.Aku vlastite na Kosovo insistirale da toa priznavanje go napravi BJRM,togas e navistina golema ucena.Odnosno tie sakaat da mu se dodvoruvaat na Grcija.
Од: meseko isto od Göteborg
Датум: 04.10.2008 10:33:51
Taip abdulla od Prespa-Birlik predlaga da se ceka so priznavanjeto na Kosova i naveduva za sozivotot vo Sveddska. Pretpostavuvam det gospodinot dolgo ziveal vo Svedska, podolgo od mena mozebi. Taipe, Prvo ti treba da znaes deka priznavanjeto na Kosova nem da go poremeti sozivotot. I ja´s sum za sozivot. Tvojata i mojata Svedska go priznele nezavisnosta na Kosova. Vtoro jas te svatam tebe posto vie turcite nikogash ne ste imale jasen inentitet na Balkan- Sekogas ste gi dobole vashite prava so prelevnje na albanska krv. Kosova e nezavisna bez ogled dali Makedonija i ti ce ja priznaete oficialno ili ne. Makedonska vlada trba da misli za dobrotata ma makedonskite gradjni. Makedonija ekonomski e zavisna od Kosova. Pozdrav ili " ha en trevlig dag i Malmö"(imaj en prekrasen den vo Malme)
Од: srebre
Датум: 04.10.2008 10:40:37
Pritisok od site strani?a sto dobivame?pa i nie vrsime pritisok za banalno nesto ustavno ime pa nisto od vlez vo eu?a prosta logika ako go priznaeme kosovo priznavame samoopredeluvanje do otcepuvanje pa ako e tamu logicno logicno e da bide i vo mak znaci avtomatski se otkazuvame od del od severozapadna mak.?ce ne snajde nova 2001g ako go priznaeme....znaete vo ex-yu se se sluciva kako domino pocnuva od sever kon jug........
Од: ljupco,bitola
Датум: 04.10.2008 12:12:26
Kosovo ke se priznae koga za toa ke dojde vreme,sega drzavata ima mnogu povazna rabota-odbrana na ustavnoto ime.Ako Albancite od Makedonija sakaat brzo priznavanje na Kosovo neka i pomognat na sopstvenata drzava so svojata lojalnost. Makedonija ima dovolno neprijateli i bez Srbija i Rusija.
Од: dimitar
Датум: 04.10.2008 13:19:31
Абе проблемот е во тоа што немаме никакво лоби, а медиумите ни се за никаде. Како смее ваков наслов и текст да си помисли да напише Македонски новинар? Значи катастрофа медиуми имаме. Наместо да пишуваат како Македонците во Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија немаат права и се угнетувани и да повторуваат постојано околу тоа, да се создаде атмосфера кога на Македонецот нема да му е сеедно што се случува со него, пишуваат вакви антимакедонски пропаганди.
Од: planinar
Датум: 04.10.2008 13:25:01
Po dolgotrajno dlabinsko sledenje na forumite na koi se debatira za naseto ime vo megunaroden kontest izgleda deka najdobrata varijanta koja bi mozela Grcija da ja prifati e slednata: 1.Ime na drzava : Republic of Makedonija (ne Macedonia) 2.Nacija : Makedonci ili Makedonska (ne Macedonian) 3.Jazik : Makedonski (ne Macedonian) Istotaka ke se bara od nasa strana antickata istorija i kulturnata ostavstina na Filip i Aleksandar da se prifatat kako del od Helinistickata epoha i da im se priznae takviot karakter. Se nadevam deka ova ima koj da go prenese kaj vas tamu kaj shto treba. Varijantata Severna ili North po ovashto go komentirate veruvam deka vi e neprifatlivo, no i toa ke e vo igra sekako.
Од: nikoj
Датум: 04.10.2008 14:01:12
ZA KRIS abe kris od mars da ne si? pa neli znaes deka ke ima izmeni vo nacinot na izbor na predsedatel?
Од: Stojan
Датум: 04.10.2008 15:33:02
Mislam deka Kosovo treba da se priznae, ne deka pravno e vo red. Kosovo e defakto drzava, a pravno e otcepena pokraina. No da ne zaboravime, Srbija ne ima drzano pod okupacija od Balkanskite Vojni se do Vtorata Svetska Vojna. Vo Makedonija ima kolonizirano Srbi, a Makedoncite se maltretirani desetici godini. Da ne zaboravime i na toa koja e ulogata na Srbija za Egejskoto prasanje. A i sega Srbija e dvolicna, na primer sporot so Crkvata, pa i naseto narekuvanje FYROm od nekoi nivni vrvni politicari. Pa bidejki Srbite i ne bea i ne se korektni kon nas, zosto da sme nie kon niv. Sepak imame poveke sogragani albanci, i toa e toa. Kalimero i nema pravda. Site Srbi po nacionalnost neka mi izvinat, ne gi mrazam, naprotiv, megutoa, nemam videno nitu eden Srbin da kaze deka Grcija ne e vo pravo i deka SPC treba da ja priznae nezavisnosta na MPC.
Од: spase - australias
Датум: 04.10.2008 15:56:01
za priznavanje treba isto da se konsultira NATO i EU dali bi pomognale vo situacija na pritisok od srbija kako sto sega a i porano go pravese grcija na mislenje sum samo korespodencija so jasen potpisan dokument od strana na EU i makedonska vlada e izvodlivo makedonija da mozi da gi istrpi zagubite.
Од: marija
Датум: 04.10.2008 18:15:45
Конечно Македонија треба да престане со преговори за името, зашто тоа е проблем на Грција која не сака име македонско да се спомне, а не државата наша,Исто така треба да се посветиме на развој на македонското стопанство, а НАТО кое не бомбардираше во корист на иредентистите во 2001, и лицемерната ЕУ која воопшто не не сака ниту почитува, треба да ги заборавиме малку, за да престаната да не уценуваат со признавање на Косово. Косово не моше да биде признато, зашто и ние не сме признати од ЕУ, а и опасно е заради одвојување на Западна Македонија, од диво населените од Албанија и Косово.Затоа, нема потреба од брзање, само полека и тактички, доста со уцени кон Какедонија и однадвор и однатре!
Од: Albanec od EU
Датум: 04.10.2008 19:28:58
Zosto bre se zanesuvate. Pa koja e Makedonija da tera inaet so SAD i EU. Zarem nasiot nesposoben premier ne sfati deka zad Kosovo stoi siot zapaden i demokratski svet, kade sto toj saka da ja nosi Makedonija. Togas zosto gubese vreme. Makedonija mozese da gi podobri poziciite so Grcija, edinstveno ako megu prvite go priznavase Kosovo. Togas Grujo so pravo ke barase od Vasington protiv usluga, odnosno vistinski pritisok vrz Grcija. Medjutoa, toj se uste misli deka Srbija e faktor na Balkanot, pa ne saka de i se zameri. Za nego po vazni bea protestite na 30-tina srbi vo selo Kuceviste, otkolku sekojdnevnite povici na Albancite. Ako, se se vraka, se se plaka...
Од: bardhyli
Датум: 04.10.2008 21:12:27
koga makedonija proglasi nezavisnost, albanija beshe prva ili vtora drzhava shto ja prizna makedonija. mi se cini deka albanija ja prizna makedonija duri i pred bugarija! prema toa, makedonija ima politicko diplomatska i moralna obvrska da go priznava nezavisnostsa na kosovo. demarkacijata voopshto ne trebashe da bide precka. rusija i kina pred mesec/dva zavrshija demarkacija vo eden del od nivnata granica, iako shto kako drzhavi megjusebno se priznati od predi nekolku decenii.
Од: köln
Датум: 05.10.2008 00:11:00
citam, citam ,a sto procitav?maalski provokacii,glupavstini ,prosti recenici i nepodnoslivi izrazi ,neznam ,tolku mrznja i nezrelo razmisluvanje da se ima vo 21 vek ,koj ve cita i slusa ,samo si go gubite vremeto ,politikata ostavete ja na politicarite gledajte kako ke preziveete ekonomski pozdrav sepak

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
На Груевски му одговара изолација на Македонија
Лоша екскурзија на „Браќа Манаки“
Зденко
Претходен број
Почна месецот на финалната пресметка за претседател на САД
Црвен картон од ЕУ
Verbatim
Карикатура
Скокалница и лет во место
Хашките предмети во менгеме
Егзотичните имиња на европските држави
Скршени 'рбети!
„Ринија“ - отруена еднаквост
Место со датум Брисел ќе не' награди со укинување на визите?
Средношколците на улица поради новите тестирања на нивното знаење
Војчех Јерузелски