Наградата за најдобар странец во Првата лига му припадна на битолскиот Бразилец, Адријано Миранда од тимот на Пелистер, Ивица Глигоровски од Милано го понесе епитетот прв стрелец во домашното првенство. Кај носителот на двојната круна, Работнички, завршија две плакети, онаа за екипа на годината и за фер-плеј екипа во 2008 година. За најдобар судија е прогласен Владимир Кипријановски, признание за најдобра младинска школа доби Македонија Ѓорче Петров, Илија Несторовски од Победа, Емир Шабани од Работнички и Драган Георгиев од Хоризонт Турново си заминаа дома со награди за млади и надежни фудбалери. Тим на годината во женски фудбал е Шќипоњат од Скопје, Наташа Андонова е најдобрата македонска фудбалерка за 2008 година, футсал тум на годината е тетовски КФМ Елита, додека Кире Георгиев е нашиот најдобар играч во мал фудбал за изминатите 12 месеци. Покрај Дончевски и Бошковски посебни признанија добија уште и докторот на репрезентацијата, Виктор Камиловски и бизнизменот Минчо Јорданов. За фудбалски работник на годината е прогласен Љупчо Мојсовски.