Катанец: Останувам се' додека има шанси за СП 2010
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Среќко Катанец, уште еднаш повтори дека Македонија се' уште има шанси за пласман на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.
„Елиминациски мечеви за Македонија за пласман на СП 2010 ќе бидат во јуни. Ништо не е загубено бидејќи ниту една селекција не се одвојува во борбата за втората позиција.
Искрено, се надевам дека фудбалерите што ги имаме на располагање ќе бидат во добра форма во тој период, ќе ги корегираме грешките и ќе сториме се' за да останеме во игра за мундијалот и во периодот потоа“, вели Катанец.
Како што повтори дека Македонија се' уште има шанси за Јужна Африка, така повтори и дека тој ќе биде на нашето фудбалско кормило се' додека шансите се актуелни. Кога ќе ги загубиме, ќе си оди самиот.
„Тука ќе бидам се додека сметам дека можеме да го освоиме второто место во групата. Кога тоа ќе стане невозможно јас ќе си одам и ќе му посакам многу среќа на мојот наследник“, порача словенечкиот тренерски стручњак.
A zosto pa da ne mu se dade otkaz uste sega koga i toj znae deka ja us.al celata rabota?! Ama, iako e "mnogu principielen" sepak parite mu se slatki. Sosema e jasno deka ostanuva dodeka ne dogovori drug angazhman.
Ovoj go trpite, a koga Gjore Jovanovski se obide da vospostavi malku red vo odnesuvanjeto na reprezentativcite /slucajot so Hristov/ site se dignaa protiv nego. Ama aj...
Од: Aleks
Датум: 27.12.2008 20:55:29
Gjore bese glup trener site negovi igraci od sloga gi vnese vo reprezentacija katastrofa! Reprezentacija so Igor Stojanov, Vanco Trajcov, Dragan Nacevski? Ebate reprezentacijata i sto sleduvase 2 petardi od prosecni reprezentacii slovacka i ungaria i zatoa smena