Шампионот со Шкендија, лидерот со Милано
Актуелниот сопственик на шампионската титулата во домашното првенство, Работнички против тетовска Шкендија, актуеллниот лидер во шампионатот, Македонија Ѓорче Петров против Милано. Ова се двојките за полуфиналето во Купот на Македонија кои беа одредени со ждрепка пред почетокот на манифестацијата „Избор на најдобар фудбалер на годината“.
Првите мечеви ќе се одиграат на осми април, реваншите се закажаниза шести мај. (С.Д.) |