Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Почнува десеттото јубилејно издание на „Лица без маски“


Победничката претстава ќе биде поканета да учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“

Годинава на „Лица без маски“ ќе бидат одиграни осум аматерски претстави од цела Македонија

Вечерва, со изведба на претставата „Ромео и Јулија“ на Центарот за култура од Кочани, од 19,30 часот во Младинскиот културен центар, започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на аматерски театарски групи од Македонија, „Лица без маски“.

Во рамките на четирите фестивалски дена ќе бидат одиграни осум аматерски претстави, од Скопје и од внатрешноста на Македонија, што е новина кога станува збор за овој фестивал, кој во минатото беше фокусиран исклучиво на театарските трупи од Скопје. Доближувањето на „Лица без маски“ до профилот на фестивалот ДАФ – Кочани, кој пак е традиционално ориентиран кон презентација на аматерските театарски трупи од цела Македонија, за организаторите не претставува никаков проблем. „Нема потреба за страв од конкуренцијата, ниту пак од монополизација на некои културни настани. Битно е младите луѓе да имаат поголем простор да го презентираат она што го создаваат... И ние како МКЦ не реагиравме на основањето на ’Скупи фест’ кој има иста ориентација како и МОТ“, вели директорот на МКЦ, Борис Момировски.

Покрај веќе споменатата претстава од Кочани, до крајот на фестивалското издание ќе бидат одиграни и претставите: „Приказна за војникот“ на Центарот за култура од Прилеп, „Шмизла“ на Драмска аматерска група „Талија“ од Битола, „Ла драма“ на Драмската секција при средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ од Скопје, „Непер ндриме (помеѓу промени)“ од Гостивар, „Пандориниот орнитон“ на Театарската трупа „Корчагин“ од Скопје, „Коштана од нашето време“ на средното училиште „Димитар Влахов“ од Скопје и „Молба“ на Сојузот на студен��и на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.

На „Лица без маски“ ќе бидат доделени пет награди: за најдобра претстава, за најдобра режија, за најдобра главна машка и женска улога и за претстава која донесува инвентивен театарски израз. За нив ќе одлучува жири-комисијата составена од актерите: Висар Вишка, Магдалена Ризова – Черних и Марина Поп Панкова, кои исто така ќе ги водат трибините со учесниците во претставите на завршницата на секој фестивалски ден.

Победничката претстава на фестивалот ќе биде поканета да учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, како претставник од Македонија, кој ќе се одржи во април 2009 година, а на кој ќе се претстават најдобрите алтернативни и независни продукции од целиот свет.

Овогодинешното издание на фестивалот „Лица без маски“ се реализира по пауза од пет години. (Л.М.)


Статијата е прочитана 148 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Љупка Делева изложува во КО-РА
Драмски го испраќа Мите Грозданов во пензија
Политичкиот врв заборави н�� Кочо Рацин
Премиера на „Лилика“ во Турски театар
Најголем попуст досега во „Магор“
Филмовите „Жед“ и „Самоуништување“ во Кинотека
Средба со хрватскиот поет Иван Херцег