Најголем попуст досега во „Магор“
Од вчера во „Магор“ почна најголемиот попуст досега на изданијата на оваа издавачка куќа. Читателите пред новогодишните и божикните празници ќе можат да набават бестселери по мошне пристапни цени. Од „Магор“ велат дека особено сакаат да потенцираат дека се намалени цените на философските дела, како и повеќето дела од македонските автори, кои се продаваат по цена од 90 денари. Цената на бестселерите, како „Ракописот на Чанселор“ од Роберт Ладлам, „Џ“ од Џон Бергер, „Другата страна на моќта“ од д-р Клод Стајнер и други се движи од 270 до 315 денари. (Н.П.) |