Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
3466
Стоиљковиќ мене ме навреди!

Соња Марковиќ

Измина повеќе од една недела откако се случи исценираниот скандал од страна на пратеникот Стоиљковиќ во Собранието, со кој тој ја обвини неговата колешка Шеќеринска дека ги избркала Србите од Македонија. Јас знам дека секој пратеник се бори за медиумски простор и секој сака да биде херој во својата земја, но господинот Стоиљковиќ одбра погрешен начин да го направи тоа. Предизвикување меѓуетнички конфликт и таму каде што го нема, е многу лошо. И тоа е лошо како за угледот на тој што го предизвикува, така и за државата во која тоа се случува.

Јас сум Македонка, мажена за Србин, но долго живееме во Македонија. Тука се родија нашите две дечиња, тука работиме, тука создаваме. Кога моето семејство го слави Св. Сава, на семејните славја кај нас секогаш е весело и радосно, затоа шт�� никогаш не се конфронтираме за историјата, тоа им го оставаме на историчарите. Зборуваме за нашето секојдневје, зборуваме за катастрофалниот јавен превоз, зборуваме за мизерните услови во болниците за кои сите плаќаме, за сметките, кои од месец во месец се се' поголеми, зборуваме за поскапувањата, зборуваме за малите и нередовни плати. За тоа зборуваме, затоа што сме загрижени родители за иднината на нашите деца. Зборуваме, затоа што сакаме нашите деца да живеат во подобра Македонија, каде што има место за сите и Македонци, и Албанци, и Срби, и Власи и Роми...

Господине Стоиљковиќ, Вие сте на власт, решете ги овие проблеми. Србите во Македонија се згрозени од вашиот непромислен обид да ги конфронтирате со Македонците и да исценирате дека некој ги брка. Слушнав на вести дека барате госпоѓата Шеќеринска да не е повеќе претседател на Националниот совет за европска интеграција. Мојата поддршка како граѓанин ќе ја имате тогаш кога Вие лично ќе направите за Македонија толку колку што таа направила до денес. Повлечете се навреме, додека срамот е се' уште помал.

#
Статијата е прочитана 1070 пати.

Испрати коментар

Од: cile
Датум: 21.12.2010 12:32:32
i jas imam dvojno drzavjanstvo i sum so srpsko poteklo... ama stpiljkovic e provokator prost nee ni srbin tuku od kumanovsko tue nese srbi ...vo tie sela kade pominal pop po balkanski vojni preku noc stanale srbi.....dobro mu rece radica da si zamne za kosovo ..site znaeme mostot se vika kamen....zosto nekoj vo turcija ne go imenuva istambul za grcki grad neli grcite go mizgradile...
Од: deli
Датум: 21.12.2010 12:39:38
Strvaranje veštački problemi - a so toa posle ke se pokrijat tie vistinskite. Što može da znači: "gi izbrkal Srbite od Makedonija" ? Eden pameten čovek od istorija na sredna Evropa ima kažano ušte pred 500 godini, koga se vodele (isto) ratovi kobajagi na verska i nacionalna osnova (bidejki vo suština sekogaš se ratuva za pari i mok´): "Pomil mi e dobar Germanec od bratot loš" - oti toj samiot ne bil Germanec, naprotiv, tie bile neprijateli. Čovek e važen. Sekoj neka si ja ceni i nacijata, i vera, ama ima pogolemi vrednosti nego tie. Ednostavno e toa sve mizerija, vo koja stradaat ni krivi ni dužni a tie so debela koža i nikakva sovest "dobivaat". Pozdrav do avtorkata na pismoto, vi poželuvam sreka i radost, isto i na vašata familija.
Од: Srbin
Датум: 21.12.2010 17:18:20
Toa sto edna srpska partija pravi koalicija so dpmne e kako protivpriroden blud...
Од: srbin
Датум: 21.12.2010 18:18:03
"ama stpiljkovic e provokator prost nee ni srbin tuku od kumanovsko tue nese srbi ...vo tie sela kade pominal pop po balkanski vojni preku noc stanale srbi....." Sto da kaze covek na eden vakov komentar?Dali vo Skopje se makedonci samo zaradi toa sto tuka pominal nekoj si "makedonski pop" posle ftorata svetska vojna?I uste pointeresno na vas g. makedonci nekako vi stana navika da gi slusate zborovitr "Tetova",Shkupi" i tknt.,i toa voopsto ne vi preci,no "Dusanov Most",mora mnogu da ve podsetuva na "c'rnoto srpsko ropstvo.(P.S. granicite na denesna Makedonija se do tamu do kade sto stigna srpskata "okupatorska","krvnicka","cetnicka",porobuvacka" i sto uste ne vojska.Toa e fakt koj moze mnogu lesno da se proveri) Pozdrav.
Од: karokan "gambit"
Датум: 21.12.2010 18:52:27
Da gi sporeduvas g-gjata Sekerinska i g-dinot Stoiljkovic,e neseriozna rabota. Nema KVOTA!!!!!! Samo epten budalite i epten inaetlivite (felix e od vtorite) mozat da trubat deka "Sekerinska gi proteruva srbite).Vsusnost g-dinot Stoiljkovic e eden od onie "argumenti" na nacionalistite od nasiot istocen sosed deka "makedoncite se so promit mozok od srbite i deka azbukata sto ja koristime se vika "karadzica".Srbite gi smetam za nas prijatelski narod,a licata kako Stoiljkovic,za nasa sreca,se vo minoren broj. Nema KVOTA, g-dine Stoiljkovic,nema KVOTA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Нина Нинеска-Фиданоска
Македонски Состоjби
Манчо Митевски
Поглед
Тамара Грнчароска
Миалења
Филип Петровски
Мислења
Џорџ Сорос

„Мис на Балкан 2010“
Љупка Митева - прва придружничка на балканската убавица

Џорџ Клуни
Вечниот ерген ќе се жени

 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks