Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Падот на медиумскиот таjкун

Нина Нинеска-Фиданоска

Се случи она што сите некако тивко и со резерва го шушкаа од поодамна, дека медиумскиот бос Велија Рамковски овој пат нема да куртули од апсење и дека е само прашање на време кога ќе биде приведен. По црни ноќи полицијата дојде по Рамковски во неговата телевизија, каде што тој, веројатно свесен дека многу скоро ќе мора да се соочи со лисици на рацете, сакаше уште еднаш да зборува пред нацијата. Таа шанса овој пат не му беше дадена.

Веста за апсењето, во истиот момент кога беше пласирана во етерот, со фантастична брзина ги засени, буквално ги направи минорни сите други случувања во земјава. Досега недопирливиот Рамковски, неприкосновен магнат во медиумскиот, трговскиот, но и во редица други бизниси, сега ќе мора да се соочи со лицето на правдата. Со него повлече и една дузина негови луѓе од доверба, кои, исто така, се осомничени дека правеле малверзации и дека затајувале даноци.

Сите оние што беа подготвени рака да дадат дека „помалиот и поголемиот газда“ повторно ќе успеат да најдат заеднички јазик, што во превод би значело дека едниот сериозно ќе омекне во критиките, а другиот малку ќе ги подзаборави вреќите со кеш, сега убедливо се демантирани. Никола Груевски покажа дека решил да оди до крај во случајот со Рамковски, поточно во расчистување на криминалот за кој истражните органи тврдат дека тој го правел.

Имаше ли шанса македонскиот медиумски тајкун, за кого одредени кругови тврдеа дека е посилен од сите влади и од сите премиери што сме ги имале досега, да го избегне ваквиот епилог? Изгледа дека власта веќе не сакаше да слушне за никаков нов обид за „пазарење“ со него, независно што Велија по првичниот афект малку се освести и замавта со белото знаменце, објаснувајќи дека буџетски кеш за реклами немало, а дека тие во телевизијата малку претерале... Можеби затоа Рамковски возврати со уште посилен контранапад, одејќи од град до град, од село до село, од тутунари до резигнирани албански политичари, во некој чуден обид сите нив да ги анимира и да ги крене на нозе во сеопшт бунт спрема режимот на Груевски. Веќе стана сосема извесно како ќе ескалира целиот тој негативен набој.

Од институциите на државата сега очекуваме целосна и брза разврска на оваа афера и расчистување и со последното атомче сомнеж околу сите дубари и матни бизниси за кои се осомничени Рамковски, неговото семејство и неговите главни бизнис-играчи. Сите ние, и како граѓани и како медиуми, кои досега до денар чесно и уредно сме ги плаќале давачките кон државата, бараме да бидат санкционирани тие што се огрешиле од законот. Иако малку подобро ќе се чувствуваме доколку оваа акција се случеше пред две или три години, кога Велија и' беше по мерка на Владата. Тогаш без резерва ќе бевме убедени дека намерите за борба со криминалот се искрени и никако поинакви.

Во целиот овој случај многу боли фактот што најголемите жртви на криминалот на газдата сега ќе бидат новинарите во телевизијата, која стои пред многу неизвесна иднина. Тоа особено важи за професионалците кои досега легално си го заработуваа лебот во А1. Тие мора да бидат заштитени, во име на демократијата. Но, пресметката со криминалот никако не смее да прекине, напротив, таа мора да продолжи со истото силно темпо со кое започна. Во име на правната држава.


#
Статијата е прочитана 3143 пати.

Испрати коментар

Од: ne e bitno
Датум: 25.12.2010 12:14:06
Velija ne me interesira niti sto misli niti sto cuvstvuva! Toj za mene e osoba X koja treba da se tretira spored zakonite od den 1 do den Y. Toa vazi za site! Ako vlasta se odnesuva kaubojski toa znaci deka ni vie ne ste sigurna! Kolku neprofesionalen tekst poln so arogancija i predrasudi? Dali so zadvoluvanjeto na svoeto ego so tuga maka ke pridonesete za podobro opstestvo? Sto postignavte so tekstov osven toa? Pardon, ali ne ima tuka i nas koi sme daleku od glupavi i nepismeni, a si gi znaeme i sopstvenite prava mnogu podobro od vas takanarecena "novinarke". Tekst od vas nema da otvoram od sega natamu iako utrinski go smetav za poobjektiven. SRAMOTA. Sitnodushci!
Од: Јован АН
Датум: 25.12.2010 12:56:08
Кој што дробел тоа ќе срка - Народна поговорка
Од: zoran
Датум: 25.12.2010 14:10:36
a1 e najdobra televizija so najdobri novinari treba da prodolzi i nataka da raboti i da ne potklekne na pritisokot na vladata,kako sto napravija mnogo drugi televizii.podrska do a1 i nejzinite novinari.
Од: Александар
Датум: 25.12.2010 15:00:49
Со доаѓањето на Нина Фидановска за главен уредник на утрински весникот почна да станува малку пообјективен а не како што беше претходно партиско гласило на СДСМ. Не дека сега ги нема критиките на М.Митевски кој специјализира на премиерот Груевски или пак на Е.Ризаов но објекттивноста во критикувањето на ДВЕТЕ страни добива се повеќе на изглед.
Од: zevzek
Датум: 25.12.2010 15:31:50
pa zboreshe na A1, emisijata od Lipkovo, frlashe drva i kamenja, a megu drugoto mu smetashe i granicata kon Kosovo i Albanija
Од: realen
Датум: 25.12.2010 15:41:21
Ova e ubavo preraskazuvanje na veke videnite i komentirani nastani i nisto poveke, bez nekoja poraka, licen stav - epten novinarski (5-te W).
Од: Бабунец
Датум: 25.12.2010 16:18:40
Само што го видов насловот и стануваше јасно дека госпоѓо уредник сте влегле во стапица - однапред, дури и пред да биде сослушан, пред да е отпочната истрага, без конечна правосилна пресуда, да објавите дека ,,паднал,, медиумскиот тајкун Рамковски. Малициозно и за Вас, како новинар што заслужува почит, не својствена реакција. А зарем се сомневате во системот дека сега Вашите колеги од А-1, Врема, Шпиц ќе бидат фрлени на буништето. Ако се вистински професионалци, ќе си изборат нормално фгункционирање на нивните медиуми. Имате простор за тиражна борба, за регрутирање на читачка армија и без подметнувања и патетични зборови. А чинам дека во многу сегменти на информативната табла се влечат нечисти потези. Не само кај Велија...
Од: цане
Датум: 25.12.2010 16:52:27
Не постои 100% објективно суштество и вистината не е абсолутна, таа е скогаш некаде на средината. Меѓутоа човек треба да земе страна и не може да остане неутрален. Јас сум секогаш на страна на аутсидерот, на послабиот, дури да вистината не е комплетно на негова страна. Јас сум против моќта, против вперени калашњикови, против маски и специјалци, против хеликоптери и оклопни возила! Факт е дека и во најдемократаските земји полицијата, војската, правосудните органи, извршните органи и тн, се помалку или повеќе зависни од власта. Затоа, јас не чувствувам никаква симпатија према било која влада, а оваа овде ми е искрено одвратна. Долго памтам и долго живеам на Запад и слободно можам да изјавам дека ако владата на Груевски би хипотетички била со вистинско цивилизацијско и демократско опкружување не би траела ни 24 минути.
Од: ivo
Датум: 25.12.2010 18:29:01
Da bea mediumite so nacionalna koncesija zadolzitelno akcionerski drustva, sega ke imase znacitelno pomeruvanje na vrednostite na akciite! Taka ke se znaese koja ,televizija kolku tezi , kapitalot ke mozese da se restruktuira i sl. Vaka, kako sto stojat rabotite, sam pasha, sam gazda sekoja televizija moze da propadne ako taka odluci nekoja institucija( mozebi osnovano, mozebi neosnovano) No, so ogled na toa kakvi se sostojbite na berzata vo zemjata "Orvelija" , ni akcionerstvoto ne e nekoja garancija za sloboda na mediumite! Vo '45 na "voenite profiteri" im stavaa tabla na vratot so napis "drzaven neprijatel" i gi setaa po ulici Isto i sega, dovolno e da se poraca emisija, i sekoj sekomu moze sto saka da napise!Dali ke setaat po ulici so televizori okolu vratot so napis "drzaven prijatel-neprijatel", ostanuva da vidime?!?
Од: Hari
Датум: 25.12.2010 23:44:36
Jovane, sigurno sekoj ce si srka, samo i onie tvoi kriminalci koj go opljackaa narodot i koj tebe te placaaat da pisuvas naracki, ce srkaat i toa kako.Do kade e ppostapkata za Skopjenka na Boris Stojmenov Zingo, ili za niv ne vazi zakonot? Koga ce odgovaraat ministrite koj se do gusa vo kriminal, ce odgovori li Nikolco kako kupi 4 stana za majka mu pa sega i vo Praga? Odgovort nema na toa sto Janko ne mu postavuva takvi prasanja???
Од: Гледач
Датум: 26.12.2010 04:25:55
Поддршка за А1 телевизија! Криминалот треба да се санкционира, но сепак, вакви спектакуларни апсења на лица кои тешко дека би пружале отпор и бегале, спроведување со лисици пред камери, непочитување на пресумпцијата на невиност,... Кога само ќе се сетам колку се израдував кога на претпоследните избори победи ВМРО-ДМНЕ, не можам да верувам што се случува, а да не ни спомнувам дека како да заборавија на народот.
Од: jovan
Датум: 26.12.2010 22:58:14
Najzalnoto vo seto ova sto se slucuva vo drzavata e toa sto i ponatamu se apsi selektivno. Velija ne go zalam, no ima dalku pogolemi kriminalci koj se "prezreani" za apsenje, a zgora na toa se i koalicioni partneri na Grujo. Toa najmnogu iritira.
Од: vlatce
Датум: 27.12.2010 00:36:25
ovaa vojna,vo koja za zal ke ima nevini zrtvi,e pomegu Mijalkov i Velija.Stramota.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Aматери не можат да вадат oргани
Стил
„Мис на Балкан 2010“
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (14)
Голем бизнис со божикни елки
Вечниот ерген ќе се жени
Груевски - единствена власт!
Сезонски попусти на лажиче
Најубави божикно-новогодишни саеми
Сите за амбасадори
Џебна Интернет-конзола
Зошто се јадат живи луѓе
Ако си послушен, ќе бидеш идол
Правејќи го еврото цело
Студентски минијатури изложени во Сули-ан
Домот за деца без родители „11 Октомври“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks