Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Сезонски попусти на лажиче

До 50 проценти се снижуваат цените на неколку артикли, а најголемиот дел се продава со намалување од 10 до 20 отсто

Сања Наумовска


Во македонските продавници започна сезоната на попусти. Излозите на странските и на домашните брендови се преплавени со привлечни натписи за намалувања и до 80 проценти. Снижувањето на цените не е практика на помалите фирми, кои во текот на целата година ја нудат стоката со истата цена. Зафатени од предновогодишната еуфорија, македонските купувачи се лепат за продавниците во потрага по облека, чевли или накит по поприфатливи цени. Сепак, многу често излегуваат разочарани и со празни раце.

„Европското намалување на кое сме навикнале при шопинзите во Солун или во другите европски дестинации, го нема кај нас. Таму ако пишува попуст од 50 проценти, тогаш тоа значи вистинско преполовување на цените на целата понуда. Кај нас информацијата дека има намалување не е ни блиску до вистинската понуда на цени внатре во продавницата“, се жалат купувачите.

Европската традиција на вистинско намалување на цените се' уште не е одомаќинета кај нас. Најчесто, впечатливите натписи со големи и шарени букви и бројки се само трикови на трговците за да го свртат вниманието на потрошувачите. Реално, намалувањето се сведува на многу помал процент од она што се рекламира. Најчесто до 40, 50 или повеќе проценти се снижуваат цените на само неколку артикли, а најголемиот дел од стоката се продава со минимално намалување. Најновите колекции облека може да се купат за цени пониски од 10 до 25 проценти, а онаа од минатата година е на попуст само до 30 проценти.

Најмногу снижувања нудат странските компании, кои ги носат популарните брендови во нашите продавници. Сепак, и тие играат според македонските правила, па попустот повеќе им е привлекување внимание отколку вистинско намалување на цените. Домашните производители, кои продаваат на попуст, пак, се бројат на прсти. Моментално најголемото намалуавње е во продавницата за машки костуми „Фокабо“, каде што дел од стоката може да се најде и за 80 проценти пониски цени. Во „Боди лајн“ јакните, панталоните кошулите се нудат за 60 проценти пониски цени. Во „Кара“, „Теранова“, „Хепенинг“ и „Калиопе“, пак, според натписите на излозите, попустите се до 50 проценти. Во „Хепенинг“ фустан, кој чинел 3.500 денари, сега се продава за 1.200 денари, додека, пак, друг модел што бил 3.100 денари е намален само на 2.499 денари. Јакните од 4.699 денари се нудат за 2.699 денари, а шалчињата од 999 се намалени на 699 денари. Во „Калиопе“ кошулите од 1.299 денари сега се 699, а панталоните од 1.599 се намалени на 999 денари. Купувачите се задоволни од сезонското снижување во „Њујоркер“, каде што има големо намалување на накитот. Во „Теранова“ на попуст е и детската облека и облеката за возрасни. Детски кошули се продаваат за 499 денари, а панталони за 699 денари. Женските фустани се намалени од 1.899 на 999 денари, а хеланките од 999 на 399 денари.

Освен „Алпина“, каде што дел од чевлите се на намалување од 20 проценти, речиси нема продавница за обувки што нуди попуст. По редовни цени се чевлите и чизмите во „Пеко“, „Урбан“, „Ексклузив“ или детските обувки во „Фродо“. „Ил камино“, традиционално времето на сезонските попусти го користи на потрошувачите да им понуди за една цена да купат два модела.


#
Статијата е прочитана 1409 пати.

Испрати коментар

Од: a vo sutka kako e
Датум: 25.12.2010 18:43:01
ve molime drugapt informirajte ne i za najposetuvaniot soping centar vo jugoistocna evropa
Од: Komentator
Датум: 25.12.2010 20:26:21
Luge ako zdravo razmislime nema logika vo ovaa "ekonomija"...."" Popust od 80% ?????...ILi predhodno cenite se za 200" kaceni pa sega izigruvaat gazdite "ROBIN HUDI" ...no obleka od TERA NOVA i taka e za une sezone....!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Aматери не можат да вадат oргани
Стил
„Мис на Балкан 2010“
Падот на медиумскиот таjкун
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (14)
Голем бизнис со божикни елки
Вечниот ерген ќе се жени
Груевски - единствена власт!
Најубави божикно-новогодишни саеми
Сите за амбасадори
Џебна Интернет-конзола
Зошто се јадат живи луѓе
Ако си послушен, ќе бидеш идол
Правејќи го еврото цело
Студентски минијатури изложени во Сули-ан
Домот за деца без родители „11 Октомври“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks