Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Божикни симболи

Голем бизнис со божикни елки

На плантажата во неделите пред Божик сечат по 6.000 елки дневно. Се работи рачно, оти на плантажите едвај може да се работи со машини. Фон Бургсдорф годишно продава по 100.000 божикни елки, со што е еден од најголемите во овој бизнис во Германија

Елката на Запад е еден од традиционален божикни симболи. За семејството Фон Бургсдорф овие денови претставуваат врв на сезоната, оти тоа живее од бизнисот со божикни елки во Германија.

Деновиве многумина купуваат божикни елки. Повеќето Германци набавуваат божикна елка, без разлика каква им е економската состојба. Тоа од искуство го кажува Хелмут Шварц, кој е активен во тој бизнис веќе 50 години. Цената на елките кај него е од 15 до 80 евра, но барањата на муштериите се се' поголеми.

„Луѓето денес се многу разгалени. Тие сакаат елка која е убава, со катови до врвот - како од сликовница“, вели Шварц.

Производители на елки од ГерманиЈа

Со производство на такви елки се занимава Кристијан фон Бургсдорф, кој има посед на 100 километри северно од Хамбург. Годинава, поради раниот почеток на зимата и снегот, транспортните возила едвај стигнуваа до неговиот имот, и тоа токму во шпицот на сезоната: „Не очекувавме вакви проблеми поради временските услови. Инаку, времето е вакво дури во јануари, февруари, а ова сега се екстремни услови“.

Кај Фон Бургсдорф, кога го посетивме, 50.000 исечени божикни елки чекаа да бидат транспортирани во многу региони на Германија, како и во Австрија, Холандија, Франција или Италија. Некои трговци порачуваат само сто елки, други, пак, илјадници. Некои сакаат мали, а некои големи. Затоа одговорниот секоја пратка ја проверува лично, ако испрати погрешни елки, веќе не може да ги врати.

Земјоделецот Кристијан фон Бургсдорф веќе знае што бараат муштериите:

„Во густо населените региони, во центрите на градовите, муштериите сакаат елки со густи гранки. Во Јужен Тирол, пак, луѓето сакаат тенки елки, без многу гранки, оти тие ги украсуваат со јаболка и големи украси, за кои нема место на густа елка. Некои елки им се допаѓаат на едни, а не им се допаѓаат на други муштерии, и обратно“.

За елките се потребни поволни услови

На плантажата во неделите пред Божик сечат по 6.000 елки дневно. Се работи рачно, оти на плантажите едвај може да се работи со машини. Фон Бургсдорф годишно продава по 100.000 божикни елки, со што е еден од најголемите во овој бизнис во Германија. Неговите плантажи се големи како 400 фудбалски терени. За елките се потребни поволни услови, за нив е потребна квалитетна почва, како и многу време. Потребни се десет години за една елка да достигне височина од два метра.

„Покрај тоа што садиме, мора да се грижиме за дрвјата и да ѓубриме четири пати во годината. Исто така, неопходно е прскање против вошки и крлежи, како и кастрење. Значи, има доста работа во текот на целата година“, вели Фон Бургсдорф.

Тој не сака да открие колку заработува по елка, но минатите години цените пораснаа, а побарувачката и понатаму расте. Тој ги продаде сите елки уште во јули. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 716 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Aматери не можат да вадат oргани
Стил
„Мис на Балкан 2010“
Падот на медиумскиот таjкун
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (14)
Вечниот ерген ќе се жени
Груевски - единствена власт!
Сезонски попусти на лажиче
Најубави божикно-новогодишни саеми
Сите за амбасадори
Џебна Интернет-конзола
Зошто се јадат живи луѓе
Ако си послушен, ќе бидеш идол
Правејќи го еврото цело
Студентски минијатури изложени во Сули-ан
Домот за деца без родители „11 Октомври“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks