Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

„Македонски идол“

Ако си послушен, ќе бидеш идол

Во „креативната телевизиска демократија“ дури можеме да ги создаваме и своите идоли. Но, дали навистина телевизиската публика ги избира идолите? Колкава е улогата на жирито, на пример, во актуелниот „Македонски идол“?

Јасминка Павловска

Навистина би било донкихотовски став ако и натаму се обидуваме да и' спротивставиме на телевизијата и сето она што го добиваме од неа како визуелно-информативна сензација. Колку и да е вистинита, мислата на францускиот драмски писател Марсел Ашар дека „телевизијата е измислена за и неписмените да имаат причина да носат очила“, во услови кога програмска политика на глобално ниво инсистира на телевизијата како реално шоу, освен што звучи цинично, може да добие квалификација и на политичка некоректност. Но, Ашар барем се „спасил“ од ваквите обвинувања, заминувајќи си од овој свет во 1974 година, во време кога агресивноста на телевизијата беше само бенигна појава.

Речиси четириесетина години подоцна, на глобално, но и на локално ниво живееме само според реалноста што ни ја сервира телевизијата, притоа оставени во привидот дека сами ја создаваме таа реалност. Во таа „креативна телевизиска демократија“ дури можеме да ги создаваме и своите идоли. Но, дали навистина телевизиската публика ги избира идолите? Колкава е улогата на жирито, на пример, во актуелниот „Македонски идол“?

„Улогата на жирито е голема во сите музички реални шоуа“ - уште на почеток вели Дарко Илиевски, учесник во исто такво реално шоу, но на балканско ниво, со учесници од Бугарија и од Македонија. Навистина, гледачите можат да гласаат за својот фаворит, а функционира и организирано гласање преку СМС, но мислењето на жирито многу сугестивно влијае врз публиката. Конкретно, јас, од „Идол“ испаднав поради мислењето на жирито. А за да успееш во такво шоу, освен талентот и музичките познавања, од искуство знам дека треба да се премолчат многу ситуации, да се подголтнат многу забелешки... и едноставно да бидеш послушен. Можеби затоа не успеав да стигнам до финалето, зашто не умеам да премолчувам. Но, сепак, тоа шоу и однесувањето на жирито (секаде) е само „показна вежба“ во однос на вистинскиот шоу-бизнис, кој е валкана и сурова работа. Однесувањето на жирито е само тест за учесниците за соочување со реалноста и колку можат да го издржат товарот на вистинскиот шоу-бизнис - размислува Дарко.

Честопати однесувањето и сугестиите на жирито, учесниците, но и ТВ- публиката ги доживуваат како потсмевање, па дури и како навреда. И останува дилемата дали е тоа според пропозициите на шоуто, или само слободна интерпретација на судиската улога на членовите на жирито.

„Понекогаш успевам да го гледам ’Македонскиот идол’, но и други музички реални шоуа, па можам да споредам“ - вели Есма. Навистина овие емисии се од првичната селекција низ земјата, но малку сум разочарана од квалитетот на кандидатите. Во таква ситуација улогата на жирито е навистина тешка. Тоа го знам зашто сум била во таква ситуација - треба некому да му укажеш на неговите способности, а да не го повредиш ниту да го навредиш. Одговорноста е уште поголема зашто се' се случува пред јавноста. И досега сум задоволна од тоа како се однесуваат и се просудуваат членовите на жирито на ’Македонскиот идол’. Калиопи ги релаксира кандидатит�� и ги слуша внимателно, а Игор и Тони, иако се шегуваат, тоа го прават во рамките на добриот вкус“ - констатира Есма.

Од сите искуства на реалните музички шоуа, се забележува дека улогата на жирито не е само да ги селектира и да ги процени кандидатите. Некогаш почесто се коментира и се анализира однесувањето и коментарите на жирито отколку на кандидатите. Очигледно е дека жирито има голема улога во создавањето на забавниот момент на шоуто.

„Колку што имам гледано досега, жирито на ’Македонскиот идол’ е полн погодок - вели Александар Белов, некогашен учесник на ’Операција триумф’, реално шоу од поинаков тип од ’Идол’ каде што имаше учесници од поранешните ЈУ-простори, но, исто така, со принцип на гласање на жири и ТВ-публика. Сепак, во ваквите шоуа сметам дека публиката го има главниот збор. Улогата на жирито во натамошните кругови ќе биде повеќе корективна, отколку селективна. Исто така, нивното присуство и процени многу влијаат за атмосферата и за забавниот момент во шоуто“ - размислува Белов.

По истото прашање, т.е. колку жирито го прави шоуто и дали ја минуваат границата на навредливост кон кандидатите, Кристијан Габроски, музичар, продуцент и долгогодишен уметнички директор на „Макфест“, размислува на следниов начин:

„Основната цел на ваквите реални музички шоуа е да се пронајде вистински талент, но тоа да биде и вистинско шоу што ќе ја анимира и ќе ја забавува телевизиската публика. Значи, треба да биде телевизично. Очигледно е дека за телевизичноста на шоуто, потребно е во жирито освен професионалната компетенција, членовите да бидат и шоумени. Од она што сум успеал да видам, жирито на ’Македонски идол’ е компетентно и забавно. А на кандидатите што ќе се појават на некој јавен избор, нереално проценувајќи ги своите квалитети, никој не им е виновен ако вистината што им ја кажува жирито, е сурова“ - поентира Кристијан Габроски.


#
Статијата е прочитана 1611 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 25.12.2010 15:18:49
Колку тенденциозен наслов. Срамота. Никој од соговорниците не го критикува жирито, ама новинарот така си решил. Следниот пат ич не зимајте изјави. Смешки
Од: Komentator
Датум: 25.12.2010 19:29:35
Ne mozam da svatam kolku mladite..nemaat svoj.. kriterij ..pa iskacaat na takvi KONKURSI...ismejuvani od ziri i ponizuvani...
Од: Sbep
Датум: 26.12.2010 10:06:44
Во секоја работа може да се најдат и позитивни и негативни нешта. Особено на ваква направија. Мене лично ми остана во сеќавање едно 15-годишно девојче од Тетово, која што ми се виде талентирана (за што јас би ја побуткал понатаму)... арно ама беше малку кавгаџиски расположена... па жири-комисијата не ја пушти понатаму... Човек ќе си рече дека комисијата згреши! Арно ама, на барањето на комисијата таа да испее нешто македонско... чупево одговори дека НЕ ПЕЕ МАКЕДОНСКО!!! За такво нешто, требало уште претселекцијата да ја елиминира... или кога веќе таа излезе пред комисијата снимката од нејзиниот настап (за мена ИСПАД) да оди `во бункер`!!!
Од: lidija makedonska
Датум: 27.12.2010 09:08:36
Zivi gospod,pa site razbravme deka zirito nahnadno gi snimalo komentarite i deka samo vo skopje i ohrid vo polufinale prisustvuvale!Toa e ziva sramota!ne ne biduva za nisto,jas go gledav na Spanskata tv OPERASION TRIUMFO pred 7-8 godini i veruvajte ova sega so go gledame e DNOTO NA DNOTO...UZAS!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Aматери не можат да вадат oргани
Стил
„Мис на Балкан 2010“
Падот на медиумскиот таjкун
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (14)
Голем бизнис со божикни елки
Вечниот ерген ќе се жени
Груевски - единствена власт!
Сезонски попусти на лажиче
Најубави божикно-новогодишни саеми
Сите за амбасадори
Џебна Интернет-конзола
Зошто се јадат живи луѓе
Правејќи го еврото цело
Студентски минијатури изложени во Сули-ан
Домот за деца без родители „11 Октомври“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks