Домот за деца без родители „11 Октомври“
СЦ „Борис Трајковски“ подари 200 новогодишни пакетчиња
Двесте дечиња од три центри за згрижување во земјава (Домот за деца без родители „11 Октомври“, „СОС Детско село“ и од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партение Зографски“) вчера беа пригодно изненадени од првите луѓе на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кои им подарија новогодишни пакетчиња.
Покрај слаткото изненадување, дечињата уживаа и во забавна новогодишна атмосфера, играа фудбал, кошарка, пинг-понг... „Среќен сум што и кај овие дечиња, кои често се заборавени од општеството, денеска успеавме да извлечеме насмевки, радост и да чуеме безброј желби за Новата година“, изјави директорот на „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски. |