Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Нова година

Најубави божикно-новогодишни саеми

Ако планиравте Новата година да ја пречекате во некоја од европските престолнини, веќе е време да тргнете на пат и да уживате во божикно- новогодишните прослави, кои на големо се во тек. Тоа е единствена можност да се запознаете со традицијата и обичаите на земјата што ја посетувате и одлична увертира за новогодишните прослави. Сите метрополи се облечени во празнично руво и изгледаат божествено. Но, се чини, највесели се оние во кои се организираат најдобри божикни саеми, места на кои одлично ќе си поминете со традиционална музика и локални специјалитети. Бидејќи во тој период започнуваат и големите распродажби, без сомнение, на овие саеми ќе можете да направите и добар шопинг.

БУДИМПЕШТА (Унгарија)

Божикниот саем на плоштадот „Воросмарти“ се одржува од 19 ноември до 19 декември, но на Бадник и на Божик (католички - 24 и 25 декември) не работи. Поради големиот интерес на туристите, празнувањето во Будимпешта секоја година започнува порано. Плоштадот „Воросмарти“ е накитен уште на 19 ноември кога со голема прослава се отвора најголемиот божикен саем во градот. Таму на големо се одржуваат културни и забавни програми, како и натпревари во украсување елки, кои на посетителите им се особено интересни. Оние што за време на празниците ќе ја посетат унгарската престолнина, никако не смеат да пропуштат да ја пробаат нивната национална кујна.

ЛОНДОН (Англија)

Божикниот саем „Винтер вондерленд“ во Хајд парк , Лондон се одржува од 21 ноември до 3 јануари и е еден од најголемите божикни саеми во Европа. Во четириесетина дрвени куќички на посетителите им се нуди божикна декорација, гардероба по намалени цени, најразновидна храна, сувенири, уметнички дела... Најголема атракција во овој зимски парк се огромното лизгалиште, панорамското тркало и циркусот. Никако не треба да се пропушти и шопингот, зашто во овој период започнуваат и големите распродажби. За да не пешачите многу, наједноставно е да одите на улицата „Оксфорд“, во која дуќаните и бутиците се нанижани едни до други, или во познатата стоковна куќа „Хародс“, која е своевиден музеј на екстраваганција и луксуз.

БЕРЛИН (Германија)

Божикниот саем кај меморијалната црква на царот Вилхелм се одржува од 26 ноември, до 31 декември. Всушност, овој саем работи до 11 часот на првиот ден од Новата година. Во центарот на Берлин, покрај црквата на царот Вилхелм, во улицата „Курфистендам“, весело е преку цел ден. Божикната атмосфера дополнително ја збогатуваат огромните украси на Дедо Мраз, Снешко Белчо и ангелчињата, од кои во студената берлинска ноќ светкаат милион свеќички. На прошетка низ саемот можете да тргнете со чаша варено вино, а кога ќе огладнете, пробајте ги познатите германски колбаси и засладете се со медени колачиња и колачиња од марципан. Ако имате деца, задолжително прошетајте до саемот на „Александар плац“, каде што има мноштво забавни содржини за најмладите.

ВИЕНА (Австрија)

„Кристкиндлмарк“ на Ратхаусплац се одржува од 21 ноември до 26 декември. Виенскиот „Кристкиндлмарк“, кој годишно го посетуваат околу три милиони луѓе ја негува божикната традиција веќе неколку векови. На денешното место Ратхаусплац, пред Градското собрание, овој саем се одржува од 1975 година и стекна речиси култен статус во средна Европа. На повеќе од 10 штанда може да се пронајдат многу божикни украси, накит, сувенири, домашни колачиња, сушени колбаси, варено вино... Саемот на самиот почеток бил обичен пазар и главно место за снабдување на граѓаните со животни продукти, а кога богатата аристократија започнала да ги украсува своите домови и божикните елки, понудата се дополнила со различни украси, па и смислата на саемот се менувала. Денес штандовите на „Ратхаусплац“ претставуваат вистински мал град, опкружен со величествени градби и забавен парк, кој, исто така, дише со божикна атмосфера. Посебно убав е саемот пред дворецот „Шенбурн“, чија внатрешност, со повеќе од 1.400 царски простории може да се разгледува. Иако понудата на штандовите пред дворецот е слична како на другите саеми, тука, сепак, може да се ужива во најголемата понуда на традиционални производи, особено на разни чаеви и мед. (Ј.П.)

ПРАГА (Чешка)

Божикниот саем на Стариот градски плоштад и на Вацлавскиот плоштад се одржува од 1 до 31 декември. Во текот на декември, во цела Прага се чувствува свечената атмосфера. Градот е декориран во духот на најрадосниот празник, а се организираат многубројни културни приредби, театарски претстави, додека на улиците луѓето се веселат со народни игри. Тезгите и продавничињата се преплавени со предмети од стакло, дрвени играчки, накит „сваровски“... автентични чешки производи, без кои ниту еден турист не ја напушта Прага. На Стариот градски плоштад се наоѓа мини зоолошка градина, а посетителите можат да одгледаат претстава за раѓањето на Исус и да уживаат во божикните песни.

„Сахер“ - торта за сите времиња

Ако се најдете на величествениот град на Дунав, не смеете да пропуштите да ја пробате сахер-тортата, една од најпознатите слатки на светот, со која Австријците особено се гордеат. Оваа торта ја измислил виенскиот слаткар Франц Сахер во 1832 година, кој тогаш имал само 16 години. Неговиот син Едуард во 1876 година го отворил хотелот „Сахер“ во близина на Виенската опера. Изворниот рецепт за тортата е строго чувана тајна на хотелот.


#
Статијата е прочитана 590 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Aматери не можат да вадат oргани
Стил
„Мис на Балкан 2010“
Падот на медиумскиот таjкун
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (14)
Голем бизнис со божикни елки
Вечниот ерген ќе се жени
Груевски - единствена власт!
Сезонски попусти на лажиче
Сите за амбасадори
Џебна Интернет-конзола
Зошто се јадат живи луѓе
Ако си послушен, ќе бидеш идол
Правејќи го еврото цело
Студентски минијатури изложени во Сули-ан
Домот за деца без родители „11 Октомври“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks