Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Технологија

Џебна Интернет-конзола

Никола Бурагев

РЕЦЕНЗИЈА Dell Streak

Уредот со екран од нетипични пет инчи би можел да се доживее и како најголем достапен смартфон, но според она што го нуди и на каков начин, јасно е дека станува збор за најмалиот таблет-компјутер на пазарот

Првата средба со Streak е прилично необично искуство. „Дел“ направи уред, кој во целост изгледа како модерен мобилен телефон, но неговите димензии се поголеми. Бидејќи првенствено се работи за таблет-компјутер, може да се заклучи дека тоа е еден од помалите уреди во овој сегмент. Дијагоналата на овој уред изнесува пет инчи, што е сосема доволно за релативно удобно прегледување на интернет-страниците, офис-документите и мултимедијалните содржини, при што првенствено се мисли на видеозаписите. Резолуцијата на екранот изнесува 800х480 пиксели, колку што имаат и смартфоните од повисока класа, а таа е и повеќе од доволна за уживање во фотографиите и во видеоматеријалите. Погледот на спецификаците на овој мобилен уред остава солиден впечаток кога се работи за хардверските компоненти - одличен Snapdragon процесор на такт од 1 Ghz, 512 МВ RAM и раскошни 16 гигабајти интерна меморија, плус влез за microSD картички.

Streak има многу остар приказ на сликата на екранот, со реалистични и живо интерпретирани бои, а одѕивот на допири на дисплејот е прецизен и брз. Истото важи и за движењата карактеристични за мултитач, што се добра причина да се заборави на малку постарата верзија на оперативниот систем „Андроид 2.1“, со можност да се апдејтува на најновата верзија 2.2 (Froyo). Покрај тоа, „Дел“ ја надгради платформата со сопствен кориснички интерфејс, кој на прегледен начин ги разместува апликациите по лизгачките прозорци на почетниот екран, што го прави користењето на уредот поинтуитивно и позгодно. Чувствителноста на екранот на допир е одлична, а „Дел“ посебно се фали со својата отпорност од гребнатини. Не пробавме намерно да го изгребеме екранот, но пробавме да го ставиме в џеб во кој имаше клучеви и ситни метални парички и сето тоа помина без никакви последици за дисплејот.

Целта на нашиот експеримент беше да се провери колку е, всушност, лесно да се носи Streak со себе. Пресудивме дека неговата преносливост ни одблиску не е како во случајот на смартфоните. Пет инчи се, сепак, премногу за еден просечен џеб на какви било панталони, но со леснотија го собира в џеб на која било јакна и, всушност, е прилично практичен таблет-компјутер. Ако имате потреба од ваква мала куќна и патна интернет-конзола, Streak, секако, нема да го оставате дома поради неговата маса и димензии, но проблемите настануваат во случај кога сакате со него да го замените својот мобилен телефон.

Недостаток или предност, за кого како, претставува отсуството на флеш поддршка во интернет-прегледникот, иако сите страници се вчитуваат прилично брзо и исправно. Сепак, главна мана кај Streak е тоа што користи нетипичен полнач во време кога и најтврдокорните производители преоѓаат на microUSB, како и тоа што УСБ-конекција со компјутерот никако не е можно да се оствари. Ова се сериозни забелешки и многумина токму поради тоа ќе се оладат од овој доста солиден минитаблет. Со Streak е можно да се телефонира на класичен начин доближувајќи го до увото, иако ќе изгледате малку необично поради неговата големина. Тој проблем со леснотија го решава „hands free“ додатокот, било да се работи за безжична слушалка или систем на стереослушалки, кои се испорачуваат со уредот. Квалитетот на испорачаниот „hands free“ комплет е изненадувачко добар.

Streak одлично се снаоѓа и при репродукција на WMV, MPEG4, 3GP и H.264 видеозаписи. Забележавме дека нешто подобро се снаоѓа со WMV отколку со MP4 фајловите, па попрактично е да се користи тој кодел при подготовката на видеозаписите за Streak. Репродукцијата на видеата од сервисот „Јутјуб“ е беспрекорна. Уредот на „Дел“ одлично служи и за изработка на фото и видеоматеријали. Вградената камера со резолуција од пет мегапиксели дава солидни резултати кога се снимаат доволно осветлени кадри. Обработката на фотографиите и видеата им додава доста боја и видливо за изострување на сликата, но тоа не го споменуваме како недостаток кај овој уред, кому тоа му е само секундарна или дури и попарна функција.

Кој ќе го прифати Streak првенствено како таблет-компјутер, кој може да послужи и во улога на мобилен телефон, со него ќе биде задоволен. Неговите димензии нема да им бидат практични на корисниците што немаат потреба за неговите напредни функции, па поради тоа, ова не е уред што се купува поради реклама или модно изразување, туку од потреба. Веруваме дека Streak во иднина ќе стане уште подобар кога „Дел“ ќе одлучи да го опреми со новите верзии на оперативниот систем „Андроид“.

DELL STREAK

Производ на тест од

„Вип“ оператор, www.vip.mk



Екран

5 инчи, 800х480 пиксели

Процесор

Snapdragon 1 GHz

Работна меморија

512 MB

Меморија за податоци

16 GB + microSD

GPS/Wi-Fi/Bluetooth

Да/Да/Да

Димензии и маса

152.9 х 79.1 х 10 мм, 220 г

Оперативен систем

Android 2.1

Цена

14.990 денари со Vip Smart L пост-пејд

LG го претстави првиот dual-core смартфон во светот

LG го претстави Optimus 2X, првиот смартфон на светот со dual-core процесор. Освен засилената поддршка за неверојатно мултимедијално доживување, LG Optimus 2X поседува и моќен Tegra 2 процесор, кој овозможува побрзо сурфање на интернет и користење апликации, а на корисниците им овозможува и мултитаскинг без какво било забавување на телефонот.

„Dual-core технологијата е нов исчекор во развојот на мобилните, а да се биде прв што ќе понуди смартфон со најнова технологија, не е мало достигнување“, рече д-р Јонг-Сеок Парк, извршен директор на LG.

Развиен од реномираниот производител на графички чипови Nvidia, Tegra 2 процесорот работи на такт од 1 Ghz, се одликува со многу мала потрошувачка на енергија и поседува високи перформанси за видео и аудиорепродукција. Optimus 2X нуди репродукција на видеоматеријали со 1080p резолуција, има две камери, micro-usb port и моќна батерија со капацитет од 15000 mAh, а меморијата од 8 GB ќе може да се проширува со microSD картички.

Прогласени победниците на натпреварот „Андроид“ на „Оне“

Патоказ, Virtuelno SK и MyBudget се апликациите што ги освоија првите три позиции на натпреварот на „Андроид“ во организација на телекомуникацискиот оператор „Оне“, во соработка со HTC. Креаторот на првопласираната апликација Јосип Јосифовски доби парична награда од 6.000 евра и се здоби со можност да патува во Лондон или Копенхаген во седиштето на популарниот тајванскиот производител на смартфони, HTC, додека второпласираните и третопласиран��те апликации освоија 4.000, односно 2.000 евра. Дополнително, најдобрите 11 апликации се наградени со мобилен телефон HTC Legend.

Патоказ е апликацијата „Андроид“, која користејќи мапи и GPS го покажува патот до најблиските интересни места што сакате да ги посетите. Апликацијата им овозможува на корисниците креирање, меморирање и споделување патеки на движење, преземање патеки од јавен интерес, означување, лоцирање и објавување објекти и поврзување и комуникација меѓу корисниците.

Втората награда му припадна на Златко Шушлевски за апликацијата „Виртуелно СК“. Се работи за апликацијата „Андроид“, која нуди збогатена реалност за средината околу нас, односно со директно насочување на телефонот кон некој позначаен објект од нашата поблиска околина, се добиваат соодветни информации на екранот испишани на транспарентен слок врз приказот од камерата на телефонот.

Третопласираната MyBudget (Мој Буџет) ја програмираше Јан Маринчек, а се работи за апликација за следење, контрола и анализа на сопствениот буџет. Со неа корисникот може да следи прилив/одлив на средства, групи и подгрупи за подобро анализирање на средствата, многу валути, автоматски апдејт на валутите од веб-сервис, конвертор на валути, анализа на извештаи, внесување и контрола на продукти.

WP7 стигнува на мобилните на „Нокија“?

Додека другите производители на мобилни телефони, како што се „Самсунг“, „Моторола“ и HTC ги прифатија мобилните оперативни системи Android и Windows Phone 7, „Нокија“ се' уште слепо се држи до својата стратегија, чиј темел се Symbian и MeeGo платформите. Сепак, стигнуваат гласишта дека ф��нскиот производител, конечно, ќе претстави смартфони засновани врз новиот оперативен систем на „Мајкрософт“, Windows Phone 7.

„Нокија“ во повеќе наврати одлучно ја отфрлаше можноста за креирање мобилни засновани на „Андроид“. Но, соработката на Финците со „Mајкрософт“ на смартфоните што ќе работат со новата платформа WP7 е можна, барем според тврдењата на руската интернет-страница Mobile Review. Овие уреди би требало да се појават на пазарот уште во вториот квартал на 2011.


#
Статијата е прочитана 1225 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 25.12.2010 12:53:55
Ај браво за рекламата на ВИП што им ја направи.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Aматери не можат да вадат oргани
Стил
„Мис на Балкан 2010“
Падот на медиумскиот таjкун
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (14)
Голем бизнис со божикни елки
Вечниот ерген ќе се жени
Груевски - единствена власт!
Сезонски попусти на лажиче
Најубави божикно-новогодишни саеми
Сите за амбасадори
Зошто се јадат живи луѓе
Ако си послушен, ќе бидеш идол
Правејќи го еврото цело
Студентски минијатури изложени во Сули-ан
Домот за деца без родители „11 Октомври“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks