„Мис на Балкан 2010“
Љупка Митева - прва придружничка на балканската убавица
Пред два дена во Белград, на 23 декември, во елитниот клуб „Молокини“ се одржа официјалниот избор за мис на Балканот за 2010 година. Учествуваа над 20 претставнички од балканските држави, меѓу кои и три девојки од Македонија - Љупка Митевска од Македонска Каменица, Надица Чаушевска од Струмица и Кристина Коцова од Демир Капија. Сите три се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за овој избор на убавина, кое се погрижи за нивните подготовки, превозот и престојот во Белград.
Голем успех постигна Љупка Митевска, која ја освои титулата прва придружничка. Победничка на изборот беше претставничката од Србија, Бранка Матиќ.
Од модното студио „Црнокрак“ учествуваше уште една девојка, Емилија Рожман, која ја претставуваше Словенија и која ја освои титулата мис боди. |