ТОКИО - Јапонија вчера соопшти дека привремено го отповика својот амбасадор во Москва откако рускиот претседател Дмитриј Медведев го посети спорниот остров, зголемувајќи ги влоговите во територијалниот спор.
Јапонскиот премиер Наото Кан, кој се справува со поделен парламент и кревка економија, е цел на жестоки напади поради погрешното постапување во одделен територијален спор со Кина. „Ние имаме територијален проблем и тој треба да биде решен“, изјави министерот за надворешни работи Сеиџи Маехара на конференцијата за печат на која го обелодени привременото отповикување на специјалниот пратеник. „Меѓутоа, нашата основна политика за заклучување на мировниот договор со Русија и зајакнување на економските односи откако тој проблем ќе биде решен и натаму останува непроменета“, додаде тој.
Медведев во понеделник направи кратка посета на еден од четирите острови окупиран од страна на Русија на крајот од Втората светска војна. (Ројтерс)
"Medvedev napravi kratka poseta na eden od cetirite ostrovi okupiran od strana na Rusija na krajot od Vtorata svetska vojna (Rojters)" I se taka da se frli negativno svetlo vrz Rusija. Ni zbor za japonskata okupacja na Kamcatka vo 1904? Ni zbor za 1855, 1875 a direktno se odi na 1945? Zborot "kur" za koj neznam od koj jazik doagja imal znacenie na "maz", "covek".
Од: stanimir
Датум: 03.11.2010 17:45:53
Medvedev poseti del od teritorijata na Rusija koj del e megjunarodnopriznata teritorija na rusija. A rojters neka si pisuva poinaku, toa mu e zadacata !