Обама соочен со пораз
Иако името на Барак Обама овој пат не се наоѓа на избирачкото ливче, вчерашните парламентарни избори во САД се сметаат за еден вид референдум за неговата политика. Анкетите покажуваат рекорден пад на популарноста на американскиот претседател Барак Обама. Во САД се одржуваа избори за Конгресот. Се гласаше за места во Претставничкиот дом, за една третина од стотемина сенатори и ќе се избираат нови гувернери. Според анкетите, Демократската партија се очекува да претрпи голем пораз. (Дојче веле) |