Франција и Британија направија нуклеарен договор
Велика Британија и Франција потпишаа договори со кои се согласуваат на воена соработка вклучувајќи и тестирање на нуклеарни боеви гл��ви. Еден центар ќе биде отворен во Велика Британија за развој на технологија за тестирање нуклеарно оружје, а друг во Франција за да нивно спроведување.
Премиерот Дејвид Камерон и претседателот Никола Саркози ја открија кратката содржина на плановите на самитот во Лондон за заедничка воена експедициска сила. Од Даунинг стрит 10 ги нарекоа мерките „практични“, но лабуристите посочија дека тие оставаат „големи прашања“ за одбраната на Велика Британија. Портпаролот на Даунинг стрит изјави: „Овој самит претставува продлабочување на британско-француските билатерални односи. Нашето сега е стратегиско партнерство што заеднички ќе се справува со најголемите предизвици со кои се соочуваат нашите две земји“.
Самитот се одржува две недели откако британската влада обелодени намалување на вооружените сили во првата ревизија на стратегиската одбрана од 1998 година како дел од штедењето што има цел намалување на буџетскиот дефицит на земјата. Според плановите, 750 милиони фунти ќе бидат заштедени во следните четири години на нуклеарниот ракетен систем „Тридент“, со намалување на бројот на боеви глави. Авионите „хариер“, кои полетуваат вертикално, адмиралскиот брод „ХМС Арк Ројал“ и планираните шпионски авиони „нимрод“, исто така, ќе бидат укинати, но два нови носача на авиони се поштедени.
Камерон и Саркози ги потпиша двата договори, еден за поголема општа воена соработка, а другиот 50-годишен договор за нуклеарно оружје. Со нуклеарниот договор ќе се изгради центар во Велика Британија за развој на технологија за тестирање и друг во Франција за спроведување на тестирањето. Боевите глави ќе бидат тестирани со технички средства за да се провери нивната безбедност и ефикасност, без тие да се тестираат со експлозија. Се дознава дека секоја земја, сепак, ќе ја има контролата врз сопствените боеви глави и дека нема да има делење нуклеарни тајни. (Би-Би-Си)
|