Голи чешки студентки чистат кај богаташи
Прага – Група студенти во Чешка, со цел да бидат конкурентни и добро да заработат, дошле на идеја услугата чистење на домовите да ја вршат голи или само по долна облека што зависи од желбата на муштеријата.
Како што објавија некои медиуми, оваа работа навистина станува барана и за еден час овие работници заработуваат над 150 евра.
„Никој не сака да чисти, но секој сака да гледа убаво тело“, објаснува една студентка што работи преку агенцијата што нуди „нудистичко“ чистење на домови.
Според агенцијата што има вработено 15 студенти и студентки, нивните услуги немаат сексуална природа.
|