Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Белгија изгуби процес против азилант

Азилант од Конго ќе добие 15.500 евра отштета зашто
не добил правна заштита и сместување

БРИСЕЛ - Пресудата на еден белгиски судија изгледа ќе го потврди фактот дека државата е земја на мед и млеко за емигратите. Првостепениот суд во Брисел и' нареди на Федасил, федерална агенција одговорна за азилантите, да му исплати на 30-годишен азилант од Конго 15.500 евра (500 евра дневно) поради тоа што не му обезбедила правна заштита и сместување.

По одлуката, судските извршители го однесоа човекот до просториите на Федасил каде што тој направи попис на 14 компјутери и четири автомобили „пежо“, чија вкупна вредност изнесува 16.000 евра, што ќе бидат запленети во случај ако не му бидат исплатени парите од страна на агенцијата. Според Федасил, бегалецот што пристигнал во Белгија во август, нашол место каде што ќе живее, но се' уште бара пари за периодот кога бил без покрив над главата.

Ова не е првпат белгиски судии да носат вакви контроверзни одлуки со цел да се нагласи нарушената функција на институции во земјата. Во овој случај казната наметната на државната институција коинцидира со распространетата вознемиреност предизвикана од се' поголемиот бран економски емигранти, особено од Србија и од Македонија, кои сега можат да влезат во ЕУ без виза.

Неодамна весникот „Де морген“ на фламански јазик објави дека 1,3 милиони Албанци веќе аплицирале за нови пасоши во подготовка за безвизниот режим, кој се очекува да и' биде доделен на Албанија во ноември. Белгиските федерални структури одговорни за справување со напливот од бегалци се креирани на неплански начин, од година во година, како што се влошуваше ситуацијата. Федасил ги испраќа азилантите до мрежа федерални центри за бегалци, места што се управувани од Црвениот крст и некои локално администрирани институции.

Вкупно Белгија издвојува малку повеќе од 17.000 единици за сместување за азилантите, меѓутоа, тука има повеќе од 23.000 регистрирани лица. Тоа остава повеќе од 6.000 луѓе што треба самите да се грижат за себе, честопати без ресурси или познавања на јазикот, иако не е јасно дали сиве овие регистрирани лица во одреден период се' уште се наоаѓаат во земјата. Некои азиланти се сместени во касарни. Федасил смести уште 1.200 бегалци во хотелски соби. Агенцијата бара евтини хотели, но нивните капацитети се ограничени и целиот систем е пребукиран.

Само азилантите што ја тужат Федасил се сместени во хотелски соби. Во септември 103 лица ја тужеа агенцијата, во споредба со само десеттемина во текот на целата 2009 година. Филип Курард, државниот секретар одговорен за азилантската политика, изјави дека ваквото хотелско сместување ја чинеше државата повеќе од 300.000 евра минатата година. Федералните власти неодамна донесоа одлука да обезбедат уште 2.000 места за бегалците, главно во касарните, што се' уште е далеку од 6.000 места кои се итно потребни.

Веќе некое време белгиските судови систематски му изрекуваат на Федасил казна од 250 евра дневно за неуспехот да ги смести азилантите. Кога агенцијата, поддржана од власта, се изјасни дека радо би платила о��колку да ја обжали судската пресуда, трибуналите двојно ја зголемија казната. Меѓутоа, минатонеделната посета од судските извршители на Федасил беше првпат кога пресудата е ставена во практика и имотот, всушност, е обележан за евентуално запленување. (ВАЦ еуробсервер)


#
Статијата е прочитана 826 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Атињани удрија на странските амбасади
Михаил Ходорковски останува в затвор
Деца робови на памучните полиња во Узбекистан
Франција и Британија направија нуклеарен договор
Обама соочен со пораз
Токио го повлече амбасадорот од Москва
Голи чешки студентки чистат кај богаташи
На Исланд можна нова вулканска ерупција






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis