„Паника!?“ во Кинотека на Македонија
Во рамките на Скопскиот филмски фестивал вечерва во 19 часот во фоајето на Кинотека на Македонија ќе биде отворена изложба „Паника!?“ на филмски плакати на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет - Република Македонија.
Годинава насловот на изложбата, која ќе биде отворена до 28 април, симболично се врзува со бројот 13, односно со тринаесеттото издание Фестивалот, а на неа ќе бидат презентирани 16 филмски плакати од хорор жанрот на студентите во втора година на насоката графички дизајн. Ментори на проектот се проф. Игор Сековски и Гордана Вренцоска. (К.Б.) |