Пијано-рецитал на Панделина Атанасова
Во Музејот на град Скопје вечерва со почеток во 20 часот, пијано-рецитал ќе одржи младата пијанистка Панделина Атанасова, која ќе изведе дела од Скарлати, Бах, Бетовен, Шопен, Ухлик и Лист. Рециталот е во рамките на циклусот „Доаѓаме“, преку кој организаторот, Културно-информативниот центар од Скопје, продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на оние таленти што веќе ја аргументирале својата концертна перспективност низ многубројни настапи. Атанасова (1991) е четврта година во средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска. Добитник е на 7 награди на државни натпревари за ученици и студенти по музика и на интерните натпревари во училиштето, но и на 19 награди на меѓународни натпревари за млади во Македонија, Србија, Хрватска, САД и Франција. Настапувала на голем број групни и солистички концерти, како солист двапати со Македонската филхармонија, но и на групни концерти на млади музичари во САД, Русија, Бугарија, Србија, Чешка, Хрватска. (К.Б) |