Билјана Ангелеска изложува во Битола
Ликовната уметница Билјана Ангелеска од Охрид, денеска во Битола втор пат на самостојна изложба ќе го претстави своето творештво. Изложбата, под наслов „Враќање на ангелите“, која е продолжение од нејзината прва изложба под наслов „Ангели“, ќе биде поставен во џез-клубот „Порта џез“ на Широк сокак. (К.Б.) |