Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Светот се соочува со нова криза на храната

Лондон - Светот се соочува со закана од настанување нова криза со храната, слично на онаа од 2008 година, кога во многу држави во светот избувнаа политички безредија затоа што нагло поскапеа основните прехранбени производи, пишува „Фајненшел тајмс“.

Лондонскиот весник предупредува дека Украина, еден од најголемите извозници на жито во светот, се подготвува слично како Русија, да го ограничи извозот на своето жито на светскиот пазар. Владата во Киев веќе најави дека, поради големата суша и годинешнава лоша жетва, „би можело да се случи“ да се запре извозот за да се заштити цената на лебот на домашниот пазар. Таквото решение, според весникот, ќе предизвика скок на цените на житата на светските берзи, особено ако кон решението на Русија и на Украина, домашната политичка стабилност да се брани со блокада на извозот на жито, се приклучи и Казахстан.

Оваа поранешна советска република, исто така, е погодена од големата суша во тој дел од светот, па би можело да се определи за ограничување на извозот на жито само за земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Светските берзи на храна веќе реагираа на сушата во овие три земји и на блокирањето на извозот што прва го најави владата во Москва, па во Европа цената на житото веќе е зголемена за 50 отсто во споредба со нивото од ова време во минатата година, заклучува „Фајненшел тајмс“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 13.08.2010 00:10:21
Nekoj uporno si igra igracki so svetov.Prvo bese naftata koga dostigna do 150 dolari, demek ke ja nemalo,pa pustija propaganda deka ke odela do 500 dolari, na kraj ja spustija na 40 dolari, i nekoj se obogati solidno.Potoa stapi na sila zlatoto koe demek ke stignelo 5000dolari za unca ,a edvaj stigna(go napumpaa) do 1200 dolari.Sega ke si igraat so zitoto t.e hranata(zitoto e osnovata za odreduvanje na cenata na hranata),ke stvaraat panika deka ke nema hrana,ke ja duvaat vestacki, ke plakame patlidzani i po 100 denari, i na kraj ,tras,cenite dole.Prikaskite i panikite so svinski grip,pticji grip,nilski komarci i slicni "bolesti" za zamajavanje narod, se pa druga prikaska za pljackanje narod od strana na mafijasite so beli mantili.Svetot izgleda zabega skros,a narodov se naivni ovci sobrani vo trlo i cekaat da gi zakolat.Strasno.
Од: nadidan
Датум: 13.08.2010 10:29:21
Точно е Јоване, сосема си во прави се е игра во светов, од војни класични,психолошки,птичји грип,свински грип па сега некаков вирус од комарци во Грција,па сега криза со хранава сето тоа е вештачки создадено од моќниците кои владеат со светот и си прават вакви забави за нив да речам.Единствена сила за нив е само народот во светот ама него по се изгледа го нема.Која иронија..........
Од: citatel
Датум: 13.08.2010 14:48:20
Na niv Gospod ke im plati kako sto im plaka. Ne im e lesno da se soocat so prirodnite stihii

Најди! во Утрински
Економија
Кризата може да создаде изгубена генерација
Септември ќе донесе ладење на цените во мобилната телефонија
Извозот на земјоделски култури од Гевгелиско зголемен за 40 отсто
Економското закрепнување ќе оди забавено
Потпишан меморандум за соработка
Јавниот сектор со вишок од 74.000
Охридска со нови хартии од вредност
Центарот на Грција ја голта економијата
Кипар и Израел лежат на гас
Втор најголем должник на ММФ