Романската влада презема остри мерки на ш��едење поради што многу вработени во јавниот сектор ќе останат без работа. Владата на премиерот Емил Бок усвои закон, според кој, во овој сектор постои вишок вработени од речиси 74.000 работници и службеници.
„Ова е многу болен процес, но е неопходен за да се елиминира дефицитот во државниот буџет“, изјави премиерот Емил Бок.
Премиерот Бок најави дека владата ќе продолжи да презема рестриктивни мерки за да се бори со економската криза, без оглед на политичката цена.
Во почетокот на јули се намалени платите на вработените во јавниот сектор за 25 отсто, а ДДВ е зголемено за пет проценти за да се пополни државната каса, која е во минус за 6,8 БДП, што беше предуслов за добивање нова транша кредити од ММФ и од европски финансиски институции. (МИА)