Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Кризата може да создаде изгубена генерација

Бројот на невработени млади лица на возраст меѓу 15 и 24 години во светот се искачи на највисоко ниво од Втората светска војна наваму, соопшти Меѓународната организација за труд, МОТ. Само во моментов во светот има повеќе од 81 милион млади луѓе без работа. Според последната студија на Светската организација за труд објавена во Женева, стапката на невработеност кај лицата меѓу 15 и 24 години го достигна највисокото ниво досега и се заканува да порасне во текот на годината. Таа во 2007 година изнесувала 11,9 проценти, но како последица на светската финансиска криза рапидно се зголемила и оваа година се верува дека ќе се искачи на 13,1 процент. Овој тренд ќе продолжи и во 2011 година и покрај очекуваното закрепнување на светската економија.

„Младите се моторот за економскиот развој“, изјави директорот на мот, Хуан Сомавија. „Откажувањето од ваков потенцијал е економска загуба што го загрозува социјалниот мир. Ова се заканува да создаде една ’изгубена генерација‘, која повеќе не стои на располагање на пазарот на труд и која изгубила секаква надеж да се најде вработување за да се обезбеди егзистенција“, предупреди Сомавија.

Исто така, ова претставува закана овие млади луѓе да се чувствуваат некорисни, што води кон повеќе криминал, психолошки проблеми, насилство, конфликти и зголемена злоупотреба на дроги, предупредува студијата на МОТ.

На младите им е потребно вработување. Најтешко се погодени младите во земјите во развој , пред се', во Северна Африка и на Среден Исток. Но, и во 27 земји-членки на ЕУ и во САД, како и во поранешните комунистички земји надвор од Унијата, исчезнаа многу работни места. На крајот на 2009 година 17,7 проценти од сите работоспособни млади луѓе во најважните индустриски земји биле без работа, што е досега незабележана стапка. Во споредба со 2008 година таа пораснала за 4,6 проценти. Од 2007 година наваму на светскиот пазар на труд има нови 7,8 проценти млади луѓе без работа. Половина од нив потекнуваат од Јужна, Источна и од Средна Европа. Особено се погодени земјите како што се Естонија, Летонија или Литванија, но и Шпанија.

Со оглед на драматичната состојба, МОТ упати апел до владите на државите низ светот да не преземаат мерки за кратење на програмите за вработување на младите луѓе и покрај неопходноста за штедење. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 879 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 13.08.2010 00:03:03
Nie edna generacija veke izgubivme vo devedesetite. Ova ke ni bide "vtorata" generacija koja ke ja "potrosime".
Од: no name
Датум: 13.08.2010 12:18:17
Каде сме ние? Колку генерации ние потрошивме? Но најлошо е тоа што и понатаму продолжува трендот да се трошат се нови и нови генерации... Всушност кај нас се троши целиот постоечки народ.

Најди! во Утрински
Економија
Септември ќе донесе ладење на цените во мобилната телефонија
Извозот на земјоделски култури од Гевгелиско зголемен за 40 отсто
Економското закрепнување ќе оди забавено
Потпишан меморандум за соработка
Јавниот сектор со вишок од 74.000
Охридска со нови хартии од вредност
Центарот на Грција ја голта економијата
Светот се соочува со нова криза на храната
Кипар и Израел лежат на гас
Втор најголем должник на ММФ