Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Економското закрепнување ќе оди забавено

Гувернерот на британската централна банка Bank of bank of England, Марвин Кинг, изјави дека закрепнувањето на економијата во земјата и порастот на производството ќе се движат побавно од очекувањата и од поранешните предвидувања. Тој, исто така, призна дека инфлацијата годинава не ќе може да се сведе на планираните два отсто и оти тоа ниво ќе може да се достигне дури пред крајот на 2011 година.

Гувернерот Кинг објасни дека на одржувањето на високата инфлација ќе влијае зголемувањето на данокот на додадена вредност што владата го најави како една од мерките за совладување на големиот буџетски дефицит во земјата.

Признанието на гувернерот открива дека прогнозите за закрепнување на економијата за оваа година биле премногу оптимистички и нереални. Тие доаѓаат по откривањето на податоците за големиот пад на продажбата на стока за широка потрошувачка во текот на јули и за првото намалување на цените на становите и на куќите по период од една година. Тоа ги наведе експертите во финансискиот центар Сити да предвидуваат втор круг на економската криза и враќање на рецесијата во Велика Британија.

Податокот дека продолжува да се намалува бројот на невработените, кој сега изнесува 2,5 милиони луѓе, не зборува многу за стабилизацијата и за закрепнувањето на домашната економија, објаснуваат овие експерти. (МИА)


#
Статијата е прочитана 347 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Кризата може да создаде изгубена генерација
Септември ќе донесе ладење на цените во мобилната телефонија
Извозот на земјоделски култури од Гевгелиско зголемен за 40 отсто
Потпишан меморандум за соработка
Јавниот сектор со вишок од 74.000
Охридска со нови хартии од вредност
Центарот на Грција ја голта економијата
Светот се соочува со нова криза на храната
Кипар и Израел лежат на гас
Втор најголем должник на ММФ