Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Копенхаген прв скандинавски клуб во втората фаза од ЛШ

Шампионот на Данска стана првиот скандинавски тим кој успеал да ја мине групната фаза од Лигата на шампионите. Со претставата против Панатинаикос (3:0) Данците докажаа дека местото им е меѓу најдобрите европски тимови. И не залудно синот на Роман Абрамовиќ, кој неодамна стана полнолетен бара од татко му да му овозможи да го води овој клуб, како своевдна практика додека не го преземе Челзи.

Мартин Вингард во 26 минута го доведе во транс преполниот стадион, а Гронкјер и Џибрил Сисе со автоголот ја потврдија големата победа.

Поради триумфот на Копенхаген, Казан немаше шанси за втората фаза ни со победа над вториот тим на Барса. Но, без разлика на тоа она што го одиграа фудбалерите на Курбан Бердијев е најблаго речено шокантно. Да ти треба победа, а ти да стоиш и да задржуваш време. Секоја чест!

„Го пратив најсилниот тим на терен и пак се мачевме со вториот тим на Барса. Нивната филозофија е да ја држат топката, а без топка тешко можеш да бидеш креативен. Тешко е со нив кого и да пратат на терен. Сите го разбираат фудбалот како првотимци. За неколку години светот ќе биде одушевен од овие момчиња“, вели Бердиев.

Со тоа се сложува и Жерар Пике: „Нашата школа е пример за сите. Момчињата беа феноменални. Беше убаво да се гледаат, особено Виктор Васкез, кој заслужи шанса“.

Рафа го уназади Интер - во 23 меЧа само 10 победи



Во последниот меч од групната фаза од ЛШ Вердер го торпедираше европскиот шампион 3:0. Иако, Рафа вели дека мечот резултатски не значеше ништо, сепак, Интер како второпалсиран во групата при ждрепката може да добие некој првопласиран гигант од другите групи. Вистина, составот не беше најсилен, но на терен беа Занети, Камбијасо, Мунтари, Мота, Пандев. И на крајот лесни три парчиња. Рафаел Бенитез и за овој пораз имаше оправдување.

„Тимот веќе се квалификуваше, па затоа поразот нема тежина. Сеедно е дали ќе загубиме со 1:0, 2:0 или 3:0“, вели Рафа, кој во 23 меча има само 10 победи со гол разлика 35:28.

Засега Лигата на шампионите е позитивното нешто за Шпанецот, но ќе видиме до кога. Во Серија А му се случува дебакл. Заостанува зад Милан 10 бода, а по последниот пораз од Лацио кажа: „Лесно е за Серија А, сега најбитно ни е светското клупско првенство“.

Претседателот Масимо Морати изјави дека Рафа веќе би бил бивши ако тој има 10 години помалку. Но, навивачите на Интер жалат за просветлувањето на претседателот.

Група А

Твенте - Тотенхем 3:3

Вердер - Интер 3:0

Табела: Тотенхем 11, Интер 10, Твенте 6, Вердер 5

Група Б

Лион - Хапоел Тел Авив 2:2

Бенфика - Шалке 1:2

Табела: Шалке 13, Лион 10, Бенфика 6, Хапоел 5

Група Ц

Манчестер Ј - Валенсија 1:1

Бурсаспор - Ренџерс 1:1

Табела: Манчестер Ј 14, Валенсија 11, Ренџерс 6, Бурсаспор 1

Група Д

Барселона - Казан 2:0

Копенхаген - Панатинаикос 3:1

Табела: Барселона 14, Копенхаген 10, Казан 6, Панатинаикос 2

Ждрепката за осминафиналето е полудиригирана. Првопласираните од групите не може да играат меѓусебно.


#
Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Просинечки нов тренер на Звезда!
Ватерполистите подобри, но повторно поразени
Нови ветришта во македонскиот шах
Со шестмина дебитанти против Кина
Фергусон
Далас ја прослави 10. победа во низа во НБА-лигата
Србите ветуваат тетоважи за ново Дејвис куп финале
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud