Фергусон: Задоволен сум, го добивме стариот Руни
Менаџерот на Манчестер Ј и покрај нерешениот резултат против Валенсија 1:1 е задоволен од прикажаното, особено од фактот дека Вејн Руни полека се враќа во препознатливата форма. „Нашата млада одбрана добро делуваше. Керик не реагираше добро при примениот гол, но во суштина беше сјаен, а Руни полека се враќа во старата форма. Одлично се движеше, имаше феноменални додавања“, изјави Фергусон, кој пред мечот со Валенсија кажа дека не смее да се загуби за да се избегнат Барса, Реал и Баерн.
„Барса ако има ден, како што имаше против Реал, ниту еден тим на светот нема шанси против нив. И пред стартот беа фаворити, ама сега се уште поголеми. Разбирливо е ждрепката да не ни ги донесе ниту Реал и Баерн, кои се први во своите групи“, посочи Фергусон.
Забија шест гола во продолжение!
Фудбалерите на Лејтон и на Дројздален долго ќе го паметат мечот од Ф.А купот. Тие во вторникот вечерта го одиграа повторениот натпревар од второто коло, а гостите благодарејќи на Килхен и на Бруан до 77 минута водеа со 2:0.
Домаќините во завршницата од мечот во кој беа покажани дури четири црвени картони успеаја да израмнат преку Чорли и Теху. Во продолжението шок за гостите. Со играч помалку Лејтон преку Поку дојде во водство од 3:2, а потоа постигна уште пет гола за неверојатни 8:2!
Мартин Јол го напушти Ајакс
Мартин Јол по повеќе од година и пол ја напушти клупата на Ајакс, а привремено тимот ќе го води Франк де Бур. „Со тешко срце заминувам. Минатата година почнавме нешто да создаваме и би сакал со тоа да завршевме. Но, на време сфатив дека нивото на очекувањата по минатогодишниот успех е превисоко. Тие барања, за жал, не можевме да ги исполниме. Секојдневните критики со кои се соочувавме во соблекувалната креираа немир“, изјави Јол, чиј сега веќе бивш тим вчера играше против Милан во Лигата на шампиони. |