|
|
|
|
|
|
Судот ја одби жалбата на Љубе Бошкоски за укинување на притворот
Обединети за Македонија за в недела најави протест пред Министерството за правда
Кривичниот совет на скопскиот Кривичен суд ја отфрли жалбата што ја поднесе лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, преку својот бранител. Жалбата, која се однесува на изречениот притвор, е отфрлена ��оради опасност осомничениот да го повтори кривичното дело или да побегне.
Од таборот на Бошкоски посочуваат дека двете точки поради што се продолжува притворот се неосновани, бидејќи двете патни исправи на осомничениот му се понудени на судот, а со оглед на тоа што изборната кампања е завршена, невозможно е дојде до повторување на кривичното дело.
Од партијата Обединети за Македонија, чиј лидер е токму Љубе Бошкоски, сметаат дека апсењето што се случи само еден ден по одржувањето на парламентарните избори, е класичен политички монтиран процес и дека се користат сите механизми тој да биде замолчен.
„Имаме информации дека припадниците на полицијата што го реализираа монтираното апсење се експресно наградени“, изјави Наталија Ивчева, членка на Претседателството на ОМ и за в недела во 17 часот најави протест на членовите и на поддржувачите на партијата пред Министерството за правда, а протестот ќе заврши пред комплексот судови. Оттаму и најава дека тие ќе го поднесат извештајот за финансирање на кампањата без потпис на претседателот, бидејќи немаат никаков контакт со лидерот Бошкоски.
За обвинувањата што ги упати ОМ на сметка на МВР уследи реакција од полицијата, која смета дека оваа партија „исто како и во текот на целата изборна кампања, продолжува со изнесување лаги и манипулации, иако за таквиот однос биле казнети на изборите“. Во своето писмено соопштение МВР негира дека нивни вработени што учествувале во реализацијата на акцијата наречена „Кампања“ биле наградени за нивните заслуги.
На целиот галиматијас што го следи овој случај од завчера се надоврза и изјавата на сопругата на притворениот Љубе, Виолета Бошкоска, која на јавна трибина каже дека само еден час пред апсењето на лидерот на ОМ, нивниот син добил сериозна закана од некој од шефовите на обезбедувањето на висок државен функционер.
Љубе Бошкоски беше уапсен од полицијата во минатиот понеделник на паркингот пред скопскиот ресторан „Воденица“ при обид да прими 100.000 евра. Тој беше приведен, а потоа и осомничен дека сторил две кривични дела: незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената должност. Кратко време по неговото приведување, од МВР беше соопштено дека Бошкоски со примена на таканаречени посебни истражни мерки, бил следен цели два месеца и дека во април и во мај примил пари што ги употребил во изборната кампања. (Љ.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 1274 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Stop za diktaturata na edna partija |
Датум: 11.06.2011 00:27:49 |
|
Mora so site sredstva da se borime -protiv policiskata drzava i diktatura na edna partija! Taa partija sakata treba da se bori za svoe osloboduvanje od ufrlenite antimakedonski elementi koi samo sozdavaat nestabilnost na drzavata! Sloboda za Ljube i site drugi politicki zatvorenici! |
|
|
|
|
|
|
Од: м и л ч о |
Датум: 11.06.2011 06:47:34 |
|
zo[to na tigarot spsov na site snimki objaveni kako i sproveduvanjeto do sudot .ocite mu se pokrieni so crna lenta . a na luge nevini ili so nedokazana vina se prikazuvaat bez taa crna lenta na ocite ,duri vo video materijalot pri sprovevduvanjeto do sudot liceto mu bese zamalgleno na gospodin tigar ili volk bese , a na site drugi ,licata se pokazuvaat ,pretpostavuvam deka ednite se so vlada a drugite protiv vlada |
|
|
|
|
|
|
Од: adem |
Датум: 11.06.2011 10:33:53 |
|
taka im treba na predasvnicite |
|
|
|
|
|
|
Од: Panagiotou |
Датум: 11.06.2011 10:45:18 |
|
Kriminalci,i delikventi vladeat vo drzavata,a nevini luge i patrioti koi se borea za makedonija se vo zatvor!!!SRAMOTA!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 11.06.2011 11:41:07 |
|
Epten providno i tendenciozno bese ova apsenje na LJUBE BOSKOSKI.Ivo KOtevski,kaza deka imale snimki,kako Ljube gi zema parite,i gi frlaPa,ako gi imaa,do sega 24 casa ke gi vrtea na TV,ama gi nemaat,nitu pa deka nekoj covek mu gi dal parite i pistolot,ke kazea bar inicijali za toj covek,UZAAAAAAAAAAAAAAASSSSSSSS.OD,luge sto bile bas togas tamu na Parkingot,kaj VODENICA,razbrav deka parite bile vo gepek,i koga go izvadile Ljube so lisici od VODENICA,policajcite,go otvorile gepekot,i ja izvadile kesata,i toa,znaci,kolata veke bila otklucena,MIZERIJAAAAA,i ova na sekogo moze da mu se sluci,da mu se podmetne bilo sto,i da zavrsi zad resetki.KATASTROFA |
|
|
|
|
|
|
Од: MA |
Датум: 11.06.2011 13:34:16 |
|
LJube ''borecot" shto izbega vo Hrvatska,pa go predade Johan-ne predade site nas,ne ke e sam vo prekrshocite,moravo OM da ima negovi desni race-pomagaci,razotkrijte gi malku,pa posle neka protestiraat. |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan.pp |
Датум: 11.06.2011 21:48:36 |
|
do ma:aj te molam ne tresi gluposti ziti leb,a i site koi razmisluvaat kako tebe,site znaeme kako se sluci,nemame sajki vo mozokot |
|
|
|
|
|
|
Од: evropeec |
Датум: 12.06.2011 18:11:09 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|