На „Македонија“ претепан скопјанец
На скопскиот плоштад „Македонија“ во средата во 23,15 часот скопјанецот С.С. (29) бил физички нападнат од две лица. Непознатите му нанеле тешки повреди со тупаници во пределот на главата, при што му била скршена долната вилица, по што нападнатиот паднал во несвест.
Екипа на Брза помош му укажала помош на повредениот, а потоа бил пренесен во Ургентен центар во Скопје. Од разговор со С.С.,полицијата добила сознание за еден од напаѓачите и веќе се преземаат мерки за нивно пронаоѓање. (Љ.С.) |