За вознемирување, прекршочно пријавени петмина
За вознемирувањето на новоизбраниот пратеник на СДСМ од Делчево, полицијата поведе прекршочна постапка за пет лица. Според полицијата, прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир е поднесена за лицата И.К.(46), Д.Ц.(27), Б.Д.(23), В.Д. (22) и М.П.(37), сите од Делчево.
Настанот за кој се пријавени петтемина посочени, се случи во понеделникот во четири часот наутро. Имено, тие дошле пред семејната куќа на Г.А. (34), а ��отоа почнале да викаат и да се однесуваат дрско и непристојно, по што влегле во дворот. Кога почнале да тропаат и да ѕвонат на влезната врата, најпрво излегла мајката на новоизбраниот пратеник, а потоа и тој. Со намера да ја растера групата, но и да ги спречи насилно да влезат во неговиот дом, Г.А. ја зел ловџиската пушка, за која поседувал дозвола. Иако празна, сепак, ги исплашила неканетите гости, кои потоа побегнале. (Љ.С.) |