Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Хроника

Загина 19-годишен градежен работник

На градилиште на улицата „Салвадор Аљенде“ во близина на некогашниот скопски хотел „Панорама“ загина градежен работник.

Причина за загинувањето на 19-годишниот Сали Х. од скопското село Стајковци е одрон на земјиште што целосно го затрупал.

Работниците што се нашле на местото на настанот во тоа време успеале да го откопаат својот колега, а потоа била повикана и екипа на Брза помош, но таа само ја констатирала неговата смрт.

Според официјални извори на местото каде што градежни работи изведувала градежната фирма „Грамонт“ од Радовиш, работеле Сали Х. и уште едно лице од селото Синѓелиќ. Имено, тие двајцата работеле на рамнење на претходно ископаниот канал, но во исто време во непосредна близина со работна машина лицето Р.С. (48) од Крива Паланка вршело ископ на земјиште за водоводна инсталација. Во еден момент дошло до одрон на земјиште, при што земјата го затрупала младиот Сали.

За трагичниот настан биле известени истражен судија и јавен обвинител, а телото на починатиот е дадено за обдукција. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1136 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Судот ја одби жалбата на Љубе Бошкоски за укинување на притворот
Апелација потврди пресуди за педофилија и подведување
Повреден работник по пад од голема висина
Маж ја сечел жена си со скалпел
На „Македонија“ претепан скопјанец
За вознемирување, прекршочно пријавени петмина
Неуспешен обид за грабеж на менувачница
Најдено безживотно тело на скопјанец

"""