Неуспешен обид за грабеж на менувачница
Две лица завчера околу 20 часот извршиле разбојнички упад во менувачницата „Макс бос“ на улицата „Маршал Тито“ во Неготино. Вооружените разбојници откако влегле во менувачницата со фантомки на главата му впериле пиштол на сопственикот на менувачницата и од него побарале да им ги предаде парите. Откако тој ја одбил нивната наредба, еден од разбојниците испукал куршум во еден од ѕидовите на менувачницата, а потоа побегнал. Додека бегале, им паднала чанта во која имало ловна пушка со кратка цевка и два патрона. Очевидци го потврдија настанот, но сопственикот на менувачницата одби да даде информација. Полицијата, по преземените активности, откри еден од разбојниците. Станува збор за лицето Н.Р. (15) од Кавадарци, кој го признал делото. (А.Д.) |