Најдено безживотно тело на скопјанец
Во прилепската полиција завчера е пријавено дека на патниот правец Прилеп - Витолиште, на половина километар од преслапот Слива, бил пронајден човечки труп. Истрагата покажала дека станува збор за лицето Сашо Н. од Скопје, кој уште на 29 мај во ПС „Карпош“ бил пријавен како исчезнат. До телото на покојниот имало црна чанта со документи што гласеле на негово име. Според лекарска процена, Сашо Н. најверојатно починал пет-шест дена пред да биде пронајден. Причината за неговата смрт дополнително ќе се утврдува. |