Апелација потврди пресуди за педофилија и подведување
Апелацискиот суд од Штип ги потврди пресудите за седум лица, на кои им се изречени затворски казни за случајот со педофилија и подведување на двете малолетнички што не наполниле 14 години. Судијата Киро Бојаџиски, кој е и портпарол, вели дека се потврдени пресудите за Мелани Георгиева, која е осудена на 6 години и 6 месеци, и Дијана Јорданова, со казна затвор од 5 години и 6 месеци за кривично дело подве��ување малолетнички.
„Во истиот предмет се потврдени и пресудите за Виктор Јосимовски од Куманово, Александар Трајчевски и Митко Штерјов од Штип за кривично дело полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години“, вели Бојаџиски.
Петчлениот судски совет на Апелацискиот суд од Штип ги разгледал и жалбите на Киро Иванов, кој доби казна затвор од 8 години и на Петре Трајковски од Кочани, на кого му е изречена максимална казна од 15 години, а кој од почетокот на судскиот процес е во бегство. (МИА) |