Десет години затвор за курдски политичар
Лејла Зана ги прекршила кривичниот закон и законот против терор во своите говори
АНКАРА - Турски суд изрече казна во времетраење од десет години за еден курдски политичар поради ширење пропаганда за забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Судот донесе одлука дека Лејла Зана ги прекршила кривичниот закон и законот против терор во девет различни говори. Зана (47) веќе мина десет години во затвор поради врски со ПКК, иако таа пресуда подоцна беше укината. Таа не беше во судот и оваа последна пресуда нема да биде спроведена додека не биде разгледана нејзината жалба.
Нејзиниот адвокат ја нарече пресудата „несоодветна“ одлука во земја што работи на тоа да влезе во ЕУ и наведе дека зборовите на неговата клиентка биле во рамките на правото за слобода на говорот. Таа во 1991 година стана позната откако обезбеди место во парламентот и прочита дел од својата заклетва на курдски јазик.
Зана и други курдски политичари во 1994 година ги загубија пратеничките места откако нивната партија беше забранета поради врски со ПКК. Повеќе од 40.000 лица се верува дека се убиени од 1984 година кога ПКК ја почна кампањата за формирање курдска држава во југоисточниот дел на Турција. (Би-Би-Си) |