Имало безбедносни пропусти во Мумбаи
Њу Делхи- Новиот индиски министер за внатрешни работи Паланиапан Чидамбарам призна дека имало безбедносни пропусти при неодамнешните напади во Мумбаи, за кои Њу Делхи ги обвини екстремистите од соседен Пакистан.
- Би бил и помалку отколку искрен ако кажам дека немаше пропусти. Ќе ги утврдиме причините кои доведоа до тоа, изјави Чидамбарам. (МИА) |